Јас те барав.
Ти не се јавуваше.
Барајќи те, се побарав себеси.
Си поразговарав.
Убав човек сум бил.
Паметни работи си кажав.
Слетував и полетував како Боинг 737.
СОС повик, во позадина.
Ми викаш-немаш дозвола да слеташ.
Ти викам-ниту ја побарав.
Ами како тогаш-ми викаш.
Ами вака-контролна кула спреми се за вонредно слетување.
Немаш дозвола-ми викаш.
Контролна кула за ова што ќе го направам не ми треба дозвола-ти викам.
Како мислиш-ми викаш.
Контролна кула кога ќе слетам ќе разговараме-ти викам.
Не разбираш долу нема ништо, само јас- ми викаш.
Се смеам.
По тебе и идам- ти викам.
Го исклучив радиото.
Ти ме бараше.
Јас не се јавував.
Барајќи ме.
Дали се пронајде себеси?
Оти јас доаѓам.
Believe it or not.
Виктор Кадинец