Skip to content

Поетски бладања

Громови! Молњи! Солзи љубов…

очај, очај и лудост,

нека замолчи, нека замолчи само умов.

Ама дождот не запира,

ко што душата никогаш не умира,

ко што бакнеж еден цел живот измачува а не убива,

ко што музата еден цел живот урива а потоа од темел го гради…

Заборави не е битно,

испиј си го кафето на мир,

не обрнувај внимание на овие мои бладања и солзи што на подот створиле вир.

Од невремето е, од очајот љубов,

од музата што деноноќно инспирира и не ме остава око да склопам в кревет,

сево ова е од тебе,

и боже или кој и да е таму горе – те молам, никогаш нека не помине.

Напишете коментар