Ој ти моме
мило драго,
витка става
гајтан веѓи
крупни очи и
усни ко јаготка зрела.
Дај излези на чардакот,
да ти видам бело лице,
да ти пеам севдалинки
дур со полско цвеќе китиш руси коси.
Ој ти моме
мило драго,
витка става
гајтан веѓи
крупни очи и
усни ко јаготка зрела.
Дај излези на портите,
да ти галам медни усни,
да ти шепнам љубов зборој,
да ти мрсам руси коси.
Ој ти моме
мило драго,
витка става
гајтан веѓи
крупни очи и
усни ко јаготка зрела.
По друм појди,
на сред село дојди,
на кавал и гајда,
оро заиграј,
крши витката ти става,
пушти ветер да ги носи
русите коси.