Зголемена анксиозност кај студентите: Зошто е честа појава во денешно време?

Во последните години тема на многубројни истражувања е токму прашањето за зголемена анксиозност кај студентите. Кај нас, но и кај повеќето други држави анксиозноста е проблем на менталното здравје поради кој најголемиот број студенти во некој момент се одлучуваат да побараат стручна помош. На второто место е депресијата која може да биде последица на некои облици на унапредена анксиозност.

Застапеноста на останатите проблеми поврзани со менталното здравје е значајано пониска во оваа популација. Се поставува прашањето дали зачестеноста на анксиозноста и депресијата во текот на последните децении е во пораст или помеѓу младите генерации дошло до дестигматизација на работата на себе низ психотерапевтска и/или психијатриска поддршка.

Истражувањата покажуваат дека дури над 60% од младите во текот на студирањето се среќваат со зголемена анксиозност, а  приближно една третина од нив бара стручна помош. Студентскиот начин на живот сам по себе предизвикува стрес. Стресот е покачен посебно за време на колоквиуми и исптини рокови. Тука се и задолжителните предавања и вежби после кои останува малку време и енергија за редовно и продуктвино учење, слободно време, социјален живот.

Некои студенти себеси си поставуваат преголеми барања (на пример сите оценки да им се десетки, да ја исчистат годината во јуни). Потоа се чувствуваат лошо ако не го исполнат тоа што го замислиле. На овој начин си создаваат дополнителен притисок. Поради тоа покачениот стрес, нервозата, чувството на зголемена тензија, па и тагата и потиштеноста се сосема очекувана појава.

Кога овие чувства стануваат проблем и кога е препорачливо да се побара стручно лице за помош во совладување на техниките за справување со стрес?

Во моментот кога тие ќе почнат негативно да се одразуваат на секојдневното функционирање. Кога особата ќе почне да се чувствува дека нема сила да оди на предавање т.е. ќе почне да ги пропушта предавањата. При јавување на проблеми со концентрација, со исполнување обврски, кога обврските ќе почнат да се одлагаат до недоглед. Кога ќе почне да се избегнува дружењето или некои други ситуации кои се проценуваат како тригери за анксиозност. Пример за такви тригери се одење во продавница, изложување на испити итн. Проблемот се гледа и во моментите кога ќе дојде до презаситување, демотивација, синдром на прегорување.

Кои фактори влијаат на појавата на оваа состојба  меѓу студентите?
Возраст

Анксиозноста е проблем кој е најзастапен во општата популација во сите генерации. На возраст меѓу 20 и 26 години (доцна адолесценција) доаѓа до премин од адолесценција во возрасна доба т.е. до конечно формирање на идентитетот. Очекувано е тогаш да се појави анксиозноста ако особата е склона на нејзе според структурата на личност.

Доаѓа и до емоционална преплавеност кај одреден број млади поради недоволно добро формиран фронтален кортекс („нов мозок“), па лимбичкиот систем („стар мозок“) кој е заслужен за опстанок им е доминантен. Поради тоа сѐ уште немаат добро развиени механизми за справување со стрес.

Преселување, ново опкружување, нови обврски

Голем процент млади поради студирањето се преселуваат во друг град, што со себе носи потполно нов и поинаков начин на живот. Како и исправеноста пред целосно нови предизвици одеднаш. Тие предизвици се поголема одговорност и самостојност, располагање со пари, запознавање нови пријатели.  Тука спаѓаат и животот со цимер(к)и, навикнување на поголем град, многу повеќе обврски и пообемно градиво во однос на средно училиште. За некои од нив ова е прво одвојување од семејството. Некои пак мораат да пронајдат и работа. Ако не се адекватно подгтовени да се носат со сите овие стресори лесно можат да станат подложни на анксиозност и/или депресија.

Нарушување на сонот

Кај студентите честа појава е да пијат голема количина кафе и енергетстки пијалаци за да ја зголемат будноста, ефикасноста и да имаат повеќе време за учење. Тука се и журките, алкохолот, психоактивните супстанци, а сѐ ова може негативно да се одрази на регуларниот дневен ритам. Потребата за сон е базична човечка потреба. Ако таа не е задоволена на правилен начин во телото ќе се активира анксиозност како предупредување дека особата е во физиолошки дисбаланс. Ова е показател дека е потребно нешто да се преземе за состојбата да се поправи.

Страв од иднина

Одреден број млади луѓе се соочуваат со овој страв кој може да потекнува од неперспективно занимање за кое се одлучиле. Потоа од преиспитување дали тоа што го запишале е она со коешто навистина сакаат да се занимаваат цел живот. Ги измачуваат мисли како ќе го вратат студентскиот кредит и слично. Сѐ ова може да доведе до избегнување на завршување на факултеот бидејќи со тоа воедно доаѓа и соочување со одраснатоста. Тоа чувство може дополнително да се засили при набљудување на врсниците кои сѐ завршуваат во рок, се вработуваат, осамостојуваат.

На оваа тема подетално пишувавме во следнава статија на тема “постдипломска депресија“.

Неадекватни методи и техники на учење, непостоење на работни навики

Студирањето бара добра организација и дисциплина т.е. редовност во учењето за да се исполнат предиспитните и испитните обврски. Значителен број млади на факултет одат без ваквите вештини. Тие се навикнати да учат кампањски или со уверување дека со помош на следење на предавањата и учење од збиени скрипти и презентации ќе научат доволно за преодна оценка како што било случај во средно училиште.

Кога ова нема да доведе до успех и кога ќе се сфати дека е потребно да се формираат работни навики, може да се појави анксиозност како последица на конфликт помеѓу она што се мора (да се учи) и она што се посакува (да се има многу слободно време за дружење и излегување).

Магичен круг на анксиозност

Ако анксиозноста се развила пред поаѓање на факултет или во текот на студирањето поради различни предизвици тоа може да се одрази и на самиот квалитет на учење и исполнување обврски. Ова пад создава дополнителен стрес, незадоволство, напнатост ѝ. Тоа особата ја воведува во магичнот круг на анксиозност. Јасно е дека оваа состојба им штети на концентрацијата и помнењето.

Прочитајте и дознајте како полесно да се надмине исцрпеноста предизвикана од анксиозност!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!