Клиничка психологија Психолошко катче Совети Социјална психологија

Што е постдипломска депресија и како да се спречи?

Завршувањето на факултетот за секого претставува важна животна пресвртница, исто како тргнувањето во прво одделение, потоа во средно училиште, и на факултет. Секоја транзиција бара адаптација на нешто ново и непознато. Секоја адаптација природно е проследена со одреден степен на анксиозност, страв од иднината и неизвесност. Генерално гледано, човекот е адаптибилно суштество. После одреден период ако има развиени здрави механизми за справување со стрес, без големи тешкотии ќе се прилагоди на секоја промена. Односно, со разбирање го прифаќа она што доаѓа само по себе, а на кое не може моментално да влијае.

Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе околу терминот постдипломска депресија.

Значителен број млади луѓе тешко се прилагодуваат на животната фаза што следува после дипломирање. Всушност може да се развие таканаречената постдипломска депресија. Ова не е официјална дијагноза туку колоквијален назив за состојбата која се карактеризира со безволност, губиток на мотивација и амбиција, потиштеност, чувство на бесмисленост. Причинител е прекинот на школувањето. Ако потрае подолго време може да дојде и до усложнување во правец на посериозни депресивни епизоди.

Со оваа состојба можат да се соочат и млади кои претходно не покажувало никаква предиспозиција кон депресија или било кое друго ментално нарушување. Се очекува личноста пред која е завршување на факултетот, последниот испит или одбрана на дипломски/магистерски труд да биде возбудена, среќна, задоволна поради успехот, горда на себе. Сепак, кај значителен број не е баш така, или тоа чувство е краткотрајно. Одеднаш, индивидуата се наоѓа во ситуација каде што не постои дневна рутина, предавања и рокови, во која треба да се соочи со реалниот живот. Тука спаѓа соочување и со одраснатост, промена на место на живеење, селење од студентскиот дом, враќање во родниот град и повторно живот со родителите.

Што предизвикува стрес?

Особено стресен сегмент може да биде барањето работа, т.е. многубројните одбивања кои со себе тоа ги носи. Неуспешно аплицирање, изоставување на какви било повратни информации од работодавецот, потоа интервјуа после кои индивидуата стекнува впечаток дека сите поминале подобро од неа. Дури и оние со полош просек или диплома која и не одговара на бараното занимање – сè ова може значајно да се одрази негативно на целокупната мотивација и самодоверба.

Индивидуата може да почне да се доживува себеси како безнадежен случај, промашување, губитник. Да мисли дека годините, трудот и вложените финансии во нејзиното образование се фрлени во вода. Потоа, дека избран е погрешен факултет и со тоа си го уништила животот, дека се чувствува дека е товар на своите родители. Сè ова дополнително може да се интензивира ако индивидуата набљудува како луѓето од нејзиното опкружување (врсници, колеги од факултет, роднини) успешно минуваат низ сето тоа, се вработуваат по струка и се осамостојуваат.

Постдипломската депресија може да претходи на прокрастинација и одложување на последниот испит или дипломирање. Постои еден вид отпор кон завршување факултет. Излегува дека сржта на ова однесување е страв од израснување, и од тоа дека индивидуата смета дека за нејзиното занимање нема перспектива.

Ако се препознавате, важно е да знаете дека не сте сами во сево ова. Иако можеби ви делува дека само вас не ви оди ништо од рака, многу млади се чувствуваат исто како вас. Но ако ваквата состојба потрае повеќе недели или месеци, добро би било да се обратите за стручна помош.

Како да се спречи развој на постдипломска депресија?
Организирајте се

Тоа што во моментот сте наишле на период во својот живот кој после дваесет години по првпат не е структуриран со обврски во врска со формално образование, не значи дека не треба да се воспостави некоја нова рутина. Не значи дека не треба да имате дневни и месечни цели. Би било добро да направите во некое одредено време да одите на спиење и да станувате наутро. Останувањето до доцна на компјутер, премалку или премногу сон негативно ќе се одрази на вашето расположение. Препорачливо е однапред да испланирате неколку активности за секој ден. Сега имате време да се посветите на своите хобија кои биле во втор план во текот на студирањето. Како и да пробате нешто ново. Можете повеќе да му се посветите на своето здравје, начин на исхрана, тренинзи. Постојат бројни курсеви кои можат да ви помогнат за пополнување на вашата компетентност и CV.

Спречете го чувството на демотивираност

Кога е во прашање барањето работа ова е значајно. Важно е да не се откажете откако ќе бидете одбиени неколкупати. Тоа секако не говори ништо за вашата личност и способности туку за моменталните околности. Барањето работа сфатете го како процес. Пример секој ден посветете еден час во барање огласи, како и создавање на CV. Потоа испраќање на истото дури и на фирми/установи кои немаат актуелни конкурси.

Аплицирајте повеќепати, дури и за едно исто работно место. Распрашајте се за можностите од извршување стручна пракса, волонтерска работа. Имајте на ум и прифатете го фактот дека првите работни позиции веројатно ќе бидат тешки и мала е веројатноста дека одма ќе ја имате „работата од соништата“. Но тие ќе бидат патот кон она што го посакувате за себе.

Искористете ги друштвените мрежи во ваша корист

Наместо да се споредувате со своите пријатели и познаници за кои проценувате дека им оди подобро од вас, дека имаат добро платена работа по струка. Придружете се на групи/страници кои се поврзани со вашата струка, во која се објавуваат огласи за работа. Приклуете се во групи чиишто теми се ваше хоби кое може на некој начин да станат извор на приходи и слично.

Одржувајте контакт со колегите од факултет, пријателите од студентските домови

Ова ќе ви помогне од една страна да не го запоставите социјалниот живот, да не се изолирате и повлекувате во себе. Додека од друга страна ќе ви помогне во барање работа. Можеби баш од некој ваш познаник ќе чуете за конкурс за работа по струка во установата во која е вработен, за некоја организација во која можете да се придружите, да дадете придонес и да стекнете практично искуство.

Извор

Прочитајте ги и следниве психолошки замки кои исцрпуваат и се непожелни.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје