Психолошко катче Совети

9 психолошки замки кои исцрпуваат и треба да ги исфрлите од вашиот живот

Понекогаш мудрите постари луѓе знаат да речат: „Знаеш ли за што најмногу жалам во животот? Што повеќе не ризикував и не направив потребни промени“.

Голем дел од вашиот живот е резултат на она на коешто одбирате да се фокусирате. Ако нешто не сакате, време е да направите некој друг избор. Не се плашете да ги напуштите старите обрасци на делување и уште денес да започнете со нешто ново. Тоа е целосно нова прилика да го изградите она што вистински го сакате.

Прочитајте ги во продолжение 9-те психолошките замки кои најдобро е да ги „отфрлите“ од себе.

Жалење за минатите работи

Не треба да ве дефинираат нештата кои сте ги направиле или не сте ги направиле во минатото. Не дозволувајте да ве контролира жалењето. Можеби постои нешто што сте можеле да го направите поинаку, а можеби и не. Како и да било, тоа  веќе се случило. Нека вашето срце биде исчистено од вакви видови жал секоја ноќ. Баш како што на вашето тело му треба редовно чистење бидејќи се валка секој ден, така и на срцето му е потребно чистење бидејќи секој ден луѓето можат да ве повредат, навредат, заборават, или да ве одбијат. Но, ако одберете да им простите и да го “отпуштите“ тоа пред спиење вие го чистите своето срце. Наутро ќе бидете освежени и без негативност. Одбијте да бидете опкружени со жал за минатото, за старите нешта, ставови и вознемирувања во секој нов ден.

Оправдувања кои себеси си ги кажувате

Во животот секогаш има една од две работи: или го имате она за коешто сте способни да го постигнете или оправдувања зошто тоа не го сакате. Мрзливоста може да биде многу привлечна, но посветеноста и работата доведуваат до исполнување и среќа на подолги стази. Ако навистина сакате да направите нешто, ќе најдете начин, а ако не сакате, ќе најдете изговор. Искрено, речиси сè е возможно ако имате доволно време и трпеливост.

Она што мора да го запомните е дека не можете секогаш да чекате погодно време и услови бидејќи можно е такво нешто да не се случи. Поголемиот дел од времето едноставно морате да се осудите да “скокнете“. И немојте да велите дека немате доволно време. Имате точно еднаков број часови дневно како што имале: Микеланџело, Мајка Тереза, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн, Томас Џеферсон, Хелен Келер, Пастер и редица други.

Сконцентрираност на она што го немате

Никогаш нема да имате доволно време, средства или доволно пари за совршени работи. Но, она што е воодушевувачки е дека можете да постигнете и без тие “неопходни“ средства. Порано или подоцна ќе сфатите дека не се смета она што ви недостига туку она што го правите со тоа што го имате. Да се биде вознемирен во врска со она што го немате е секогаш губење на она што го имате.

Најзадоволните и најуспешните луѓе не се најсреќни и тие најчесто го немаат најдоброто од сè. Тие едноставно најдобро го користат она што го имаат. Причина зошто толку многу луѓе се откажуваат е таа што имаат тенденција да гледаат што им недостига и колку уште многу треба да работат додека не ја постигнат својата цел наместо да бидат сосредоточени на сегашноста и да видат колку далеку стигнале досега.

Постојано чувство на сигурност и удобност

Да се игра на сигурно е еден од најризичниот избор кој можете да го направите. Напуштањето на комфор зоната и испробување нешто ново ви покажува какви можете да станете. Пречките ви се ставени на патот за да ви помогнат да одлучите дали она што го сакате е вредно за борба. Запомнете дека најсилните луѓе се оние што чувствуваат болка и неудобност, истите ги прифаќаат и се борат со нив извлекувајќи лекции. Тие своите рани ги претвораат во мудрост и раст.

Страв од неуспех

Ако премногу се плашите од неуспех не можете да го направите она што е потребно за да успеете. Вашата желба за успех мора да го надминува стравот од неуспех. Прифаќање на она што е, отпуштање на она што било и верба во она што може да биде. Само продолжете и размислете “Можеби не сум таму каде што би сакал да бидам, но сам поблиску таму отколку што бев вчера“. Неизбежно е дека ќе правите многу грешки и ќе чувствувате многу болка, но животните грешки ве прават помудри, а болката посилни. Не бидете премногу фокусирани на грешките бидејќи некои од најубавите нешта во животот доаѓаат од промените што ги донесувате после неуспехот.

Односите кои ја црпат среќата од вас

Давајте, но немојте да бидете искористени. Никогаш не трошете премногу време на оној што не го цени тоа. Добриот однос вас не ве спушта туку ве подигнува. Слушајте ги позитивните луѓе, игнорирајте ги негативните. Луѓето кои се сомневаат во вас, ви судат и не ве почитуваат не се вредни за вашето време и внимание. Животот станува полесен кога ќе заборавите на луѓето кои ви го загорчуваат животот. Сите неуспешни обиди болат, но да се изгуби некој кој не ве цени е всушност добивка, а не губиток.

Долгорочно, подобро е да се биде сам отколку со некој кој не ја цени вашата вредност. Секогаш знајте ја својата вредност. Знајте ја разликата помеѓу она што го добивате и она што го заслужувате. Ќе дојде време кога ќе престанете да прескокнувате океани за луѓе кои за вас не би прескокнале ниту вир.

Да се биде награден за секое добро дело што ќе го направите

Луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат сакајте повеќе од што им е потребно, на крајот го губат и она што го имаат. Алчноста и себичноста нема да ве одведат никаде во живото. Најсреќните и најуспешните луѓе бараат начини да им помогнат на другите. Најнесреќните и најнеуспешните секогаш прашуваат “што има тука за мене“.

Животот исполнет со љубезни дела и добар карактер ја прави најдобрата надгробна плоча. Оние кои сте ги инспирирале и со кои сте ја поделиле љубовта и сомилоста ќе се сеќаваат како сте ги направиле среќни откако ќе си заминете. Со тоа го врежувате вашето име во срцата, а не во каменот. Она што сте го направиле само за себе, умира со вас. Она што сте го направиле за другите и за светот – останува.

Површно размислување

Невозможно е да се знае точно како се чувствува друга личност и какви емоционални битки води истата. Понекогаш најшироката насмевка ги крие најтаинствените нитки на самоувереноста и надежта. Понекогаш богатите имаат сè освен среќа. Разберете го ова во своите односи со другите пред да ги процените. Секоја насмевка или знак на сила крие внатрешна борба, комплексна и неверојатна како што е вашата.

Мудриот животен факт е дека во суштина секој од нас го опфаќа длабок и единствен склоп од тајни и мистерии кои на другите им се целосно невидливи. Затоа, насмевнете им се на луѓето кои изгледаат како да имале тежок ден. Бидете љубезни кон нив. Љубезноста е единствена инвестиција која никогаш не пропаѓа.

Опседнатост со крајниот резултат

Исполнетоста не е кога ќе достигнете одредена цел, туку промислено уживање во самиот процес до достигнување на таа цел. Исполнетоста доаѓа од фокусирање на својот живот околу специфични и автентични намери, идеи и активности кои искрено говорат за вашата цел. Кога овие намери се јасни, доследни и осмислени, имате доволно средства за достигнување исполнетост и среќа во вашиот живот без оглед дали некогаш во целост ќе ја достигнете вашата животна цел.

Со други зборови, процесот на следење на својот пат е она што е важно, а не брзината со која патувате. Среќата се наоѓа во патувањето, а не на крајната дестинација. Забавете за да ја цените шумата поради секое нејзино стебло. Ќе имате поголема шанса да увидите каде сте кога ќе прекинете да го трошите секој момент на обидите да појдете на друго место. Земете си доволно време за прослава на добрината што ве опкружува и колку далеку сте стигнале, наместо да се фокусирате исклучиво на она што останало да се направи.

Дознајте кои се знаците кои покажуваат дека сте ментално посилни од останатите.

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје