Занимливости и информации Мисли и цитати

Моќни цитати од Џ.К.Роулинг

Џоан  K. Роулинг е родена во 1965 на денешен ден и во нејзина чест  ви претставуваме неколку нејзини моќни цитати. Нејзиното размислување сигурно ќе ве поттикне дека можете да успеете во животот и дека никогаш не треба да се откажувате!

„Без разлика какви пари има, вредноста на секој човек лежи во тоа што го работи на најдобар начин“.

„Оној што добил многу повеќе отколку што треба, има морална одговорност да донесува паметни одлуки и  да го распредели и да го подари тоа на мудар начин“.

„Ако сте рамнодушни или занемарливи правите повеќе штета отколку да кажете искрено дека нешто не ви се допаѓа “.

„Дали сте тип на личност што се радува на падот на жената, или оној што го слави нејзиното закрепнување и повторно оживување?”

„Не ни треба магија за да го смениме светот, затоа што ја имаме целата потребна сила во нас самите. Тоа е моќ со која можеме добро да размислиме “.

„Џејн Остин е врвен писател кон чиишто пример сите се стремат.“

„Потребна е многу храброст да се спротивставиме на непријателот, но исто толку ни е потребна и да се спротивставиме на пријателите“.

„Никогаш нема да можете да го знаете вашето вистинско јас, ниту моќта на вашата врска, сè додека вие и вашиот партнер не бидат тестирани од некоја несреќа“.

„Невозможно е да се живее без неуспех, освен ако не живеете толку внимателно што навистина не ви e потребно да живеете воопшто“.

„И покрај тоа што животот е често болен, мора да знаете дека вреди сè. Понекогаш е потребно да се промени перспективата и да се побара помош “.

„Никогаш не сум се срамела од мојата депресија и зошто би се срамела? Имав тежок период во животот и јас сум горда што го преживеав “.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје