Занимливости и информации

Дамнешно објаснување од Достоевски за тоа како се победува во животот

Несомнено е дека Достоевски е централна личност и еден од главните ликови во руската книжевност и книжевниот реализам од 19 век, и тоа не само можеби во Русија. Прочитајте што имал тој да каже за победите во животот.

Пред понекоја мисла остануваш во недоумица, посебно гледајќи го човечкиот грев, па се прашуваш: „Треба ли со сила да се победува или смирено со љубов?“

Секогаш носи одлуки вака: “Ќе победам со смиреност и љубов“. Кога ќе се одлучиш вака еднаш засекогаш – целиот свет ќе можеш да го покориш.

Смирената љубов е голема сила, од сите најјака, ѝ нема рамна на овој свет! Секој ден и час, секој миг надгледувај се себеси, за изгледот да ти биде благо убав.

Ете, поминуваш покрај мало дете, помина лит со грд речник, со огорчена душа и можеби не го ни забележа детето, но тоа тебе те виде, твојот лик грд и злобен, можеби остана во неговата слаба и незаштитена срдечност.

Ти тоа не го знаеш, меѓутоа можеби веќе со тоа си фрлил ‘рѓосано семе кое можеби и ќе порасне, а не си се воздржал пред детето бидејќи во себе не си ја негувал внимателната и детална љубов.

Браќа, не се плашете од човечките гревови, сакајте го човекот во неговиот грев бидејќи кој сака погрешен човек тој веќе е слика на Божествената љубов и највисокиот врв на земската љубов.

Сакајте ги сите Божји суштества и целокупно, секоја трошка. Секој лист, секој Божји зрак сакајте го. Сакајте ги животните, билките, сакајте го секое нешто. Ако го сакате секое нешто – ќе ја разберете Божјата тајна во нештата.

Кога еднаш ќе ги сфатите нештата после веќе неуморно ќе почнете да ги познавате сè повеќе и со секој ден. Најпосле, ќе го засакате целиот свет со целосна и универзална љубов.

Сакајте ги животните: ним Бог им дал тивка радост. Не ги нарушувајте и вознемирувајте, не ги мачете, не им ја одземајте радоста, не се спротивставувајте на Божјата мисла.

Човеку, не се вознесувај , не мисли дека си подобар од животните, тие се безгрешни. Ти со својата величественост, ти само ја загнојуваш земјата со својата појава, на нејзиниот траг својата гној ја оставаш после себе – и тоа, ох, го прави скоро секој, секој измеѓу нас!

Децата сакајте ги посебено бидејќи тие се безгрешни како Ангели и живеат за да нè разнежат и усреќат, тие живеат заради чистење на нашите гневови, тие се како некој патоказ. Тешко на оној кој ќе навреди дете…“

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје