Занимливости и информации Писатели и поети Странски автори

Нермин Безмен и нејзиното творештво

Нермин Безмен е турска писателка. Таа е родена на 30 април 1954 година.

Таа учела во гимназијата за девојчиња наречена ,,Ататурк”.  Потоа отишла во Америка. Откако се вратила студирала на Факултетот за диспечерија и администрација на Султанахмет, каде што дипломирала во 1974 година.

Безмен спроведува телевизиски презентации, пишување списанија и активности за односи со јавноста. Таа е заинтересирана за традиционалните турски уметности. Таа им давала часови по сликарство на возрасни и деца во својата работилница.

Започнала да пишува романи во 1991 година.

Безмен започнала подлабоко да го истражува животот на нејзиниот дедо од мајка, Курт Сеит. Потоа, Безмен тоа успеала да го претвори во роман.

Романот во делови  ,,Снеговите на љубовта”, е составен од првата книга ,,Курт Сеит и Шура”, потоа втората кнга и третата книга кои го носат истото име: ,,Сеит и Мурка”.

Романот е плод на долготрајно истражување на авторката и веднаш по објавувањето ја освои пошироката публика.

Во нејзиниот роман, совршено е отсликан животот за време на војната. Недостасувањето меѓу љубените и љубовта за која вреди да се направи сè. Љубовта која во доба на војна, ги крши правилата. Голема љубов, која се случува меѓу Курт Сеит и Шура, во првиот дел, кои се од различна вероисповед, но нивните срца дефинитивно знаат многу да љубат, храбро преминувајќи ги препреките поради нивното различно потекло.

Во втората и третата книга, акцентот е ставен на спомените кои постојано го посетуваат Курт Сеит, кој пак потпаѓа под нивно влијание, но никогаш не се предава од битката да си го подобри животот. Сеит е разочаран и постојано му се враќаат спомените за неговата прва љубов Шура, додека е во брак со тивката и срамежлива жена Мурвет. Па? Дали сепак може новата љубов да ги победи спомените?

Безмен исто така е автор и на други дела.

 

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје