Некоја девојка се движела по пат и била убава како самовила. Одненадеж забележала дека некое момче ја следи. Се свртела и го прашала:
– Кажи ми, зошто ме следиш?
Момето одговорило:
– Господарке на моето срце, твојата убавина е толку неодолива, што просто ми налага да те следам. Велат дека свирам прекрасно, дека за мене нема тајна во поезијата и дека умеам во женските срца да пробудам љубовни јадови. Но сепак нешто би ти признал, ти си таа којашто го зароби моето срце!
Убавицата извесно време го гледала молчејќи, па го прашала?
– Како воопшто можеше да се заљубиш во мене? Па мојата помлада сестра е многу поубава и попривлечна. Сврти се и погледни ја, таа секогаш оди зад мене.
Момчето се свртило, но таму видел само една ужасна разбушавена и валкана старица. Тој го забрзал чекорот за да пријде поблиску до убавата девојка и со понизен глас ѝ се обратил:
– Кажи ми, како може од твојата уста да излезе таква лага?
Девојката му рекла:
– И ти мене пријателе ми кажа лага кога се колнеше во мојата љубов. Ти ги познаваш сите љубовни правила и оддаваш впечаток дека твоето срце навистина говори од љубов и само спрема мене. Но како е тогаш возможно да се свртиш и да погледнеш друга жена?!
Прочитајте ја и следнава приказна за планинарот кој сакал да го искачи највисокиот врв!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.