Видео рецитал на песната „Допир“ – Маја Малиновска

Денес уживајте во рециталот на песната „Допир“. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

Постои единство на мислата кај тебе.

Твоите најскриени мисли се најчувствителни честички

Кои се производ на твојата волја.

Никогаш не се одделуваш од мислата дека сме едно.

Јас и ти.

Го губиш разумот и само срцето те води.

Се претопуваш во емоции

И стануваш една голема емоција

Која нема лик

Има само допир.

Го допираш воздухот

Но не и каменот.

Земјата го држи каменот

А ти не ги сакаш земјените работи.

Воздухот  е лесен за допир.

Никогаш не си помислил на земјата.

Таму не се наоѓаат нашите сонливи допири.

Тие се дел од воздухот

Кој нè опкружува

Нè отелотворува

И така стануваме еден,

Еден нежен допир

Од милион честички

Кои стануваат вечен универзум.

Слушнете го и Видео рециталот на „Есенска песна“ од Пол Верлен.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!