Драмата “Тартиф“ зазема централно место во творештвото на Молиер. Сатирата е застапена низ целото дело, како во содржината, така и во книжевно-естетските квалитети. “Тартиф“ е сатира на лажна набожност, но може и да се толкува како сатира на религијата, воопшто. “Тартиф“ претставува едно автентично остварување и се одликува со единство, точност, мера и јасност. Самиот збор Тартиф значи лага или измама.
Кој бил Тартиф?
Основна карактеристика со која овој лик се одликува е сложената тактика со која се служи за измама на луѓето кои му требаат. Лицемерието, интригата и способноста брзо да ги открие слабите страни на човекот, се средствата со кои се служи Тартиф. За него може да се каже дека важи тоа дека целта ги оправдува средствата.
Не постои измама и лага која Тартиф не може да ја оправда за својата цел. Тој ја прима куќата од Огрон единствено од страв имотот да не падне во лоши раце. Дури и кога доаѓа да го истера Оргон од сопствената куќа, тој себе си се нарекува “сопственик на небото“. Оваа карактеристика е силно вгнездена во душата на Тартиф, што секогаш кога го привикува Господ изгледа искрен.
Кога ја трга маската, Тартив се покажува кој е. Тој е лаком, ненаситен, а најмногу развратник, што претставува остра спротивност на она како се претставува. Во неговиот говор се забележува цинизам. Но, можеби најважна особина на Тартиф е тоа што тој има врски на секаде, во дворот, во административните кругови. Брзо го наоѓа полицискиот службеник кој му треба. Ако сака може да дојде и до кралот. Лесно може своето лично прашање да го претвори во општествено прашање. Во моментот кога застанува против Оргон, се претвора во шпиун.
Како може да се сфати ликот на Тартиф?
Како сите големи драмски ликови, така и Тартиф може да се толкува на повеќе начини. Некои критичари сметаат дека низ ликот на Тартиф, Молиер ги иссмева само лицемерните, а не вистинските верници. Други сметаат дека преку ликот на Тартиф се критикуваат сите верници воошто. Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силна, што им дава простор на режисерите и актерите за различни интерпретации.
Дали во македонското општество владеат оние како Тартиф?
По ова прашање не можеме да генерализираме. Сетете се само колку пати поединци не ги бирале средствата за да се стекнат со материјална и имотна корист. Или колку пати ви требале безброј врски за да може да завршите една обична административна работа. Дали за да се упее во Македонија треба да се биде како Тартиф? Ова прашање ви оставаме вам да го одговорите.
Прочитајте за Хамлет залутан низ времето.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.