Искрено писмо на еден татко до својата ќерка: „Каде треба да бидеш најубава?“

Таткото на едно четиригодишно девојче напишало искрено писмо. Посветено му е на неговото најдраго девојче на светот. Тој планирал писмото да ѝ го даде еден ден кога за тоа ќе дојде време, а воедно им пишува на сите жени кои сакаат да слушнат зборови од еден татко.

Искрениот татко потсетува дека никој не смее и не може да ја дефинира вистинската убавина на жената, но многумина ќе се обидуваат да го направат тоа.

Прочитајте го во продолжение краткото писмо.

„Драга малечка,

Додека ти го пишувам ова, седам во една локална продавница во делот каде што се продава шминка. Неодамна пријателот ми испрати порака додека се наоѓал на слично место и ми рече дека се чувствува како да е на едно од најсуровите места на светот.

Затоа сакав да разберам зошто е тоа така. И сега, додека седам овде почнувам да се согласувам со него.

Зборовите имаат моќ, а зборовите кои ги гледам на рекламите за шминка се многу моќни. Зборовите и фразите како што се: пристапно преубаво, беспрекорна завршница, сјајна сила, моќ, изберете природно, спортивставете им се на годините, го враќа времето, избери го својот сон, речиси гола и природна убавина.

Кога ќе станеш родител на девојче, ќе сфатиш дека таа е исто толку силна колку и другите околу неа. Таа е сила на која треба да се смета, огнена душа со истите желби и страсти какви што има секој друг. Сепак додека седам во овој дел од продавницата во кој се нуди шминка сфаќам дека повеќето нема да ја гелдаат како таква.

Ќе ја видат како убаво лице и тело за уживање. И ќе ѝ речат дека мора да изгледа на одреден начин за да вреди и да биде влијателна.

Но, зборовите имаат моќ и можеби, само можеби зборовите на таткото можат да се натпреваруваат со зборовите на светот. Можеби татковите зборови можат да му помогнат на девојчето да го претвори шамарот на институционалниот срам во стабилно чувство на сопствена вредност и убавина.

Татковите зборови не се поинакви зборови, но имаат поинакво значење:

Сјана сила: Нека твојата сила не биде во нотките туку во срцето.

Сфати која си ти, а потоа ќе можеш успешно да се пробиваш низ животот.

Изберги го својот сон. Но тој сон нека не дојде со реклама. Пронајди тивко место во себе и таму посади ги вистинските сонови.

Откриј што сакаш во овој свет, а кога тоа ќе го избереш – продолжи со тоа, со интегритет и надеж.

Гола

Светот сака да се разголиш. Меѓутоа ти симни ги ракавиците. Кажи што ти лежи на срцето. Биди ранлива. Ризикувај. Сакај ги сите кои и сами едвај знаат што е љубов.

Прави го тоа разголено. Отворено.

Беспрекорно

Биди секогаш свесна за една работа – совршенство не постои. Тоа е илузија која ја создале луѓето кои се заинтересирани за твојот паричник.

Ако одбериш трагање по совршенство, биди непогрешливо благодарна поради тоа која си и поради сите кои те опкружуваат.

Спротивстави им се на годините

Твојата кожа ќе се збрчка, а младоста ќе исчезне, но твојата душа вечно ќе остане млада. Секогаш ќе знае како да си игра, како да ужива и како да лудува во овој живот.

Спротивстави му се на стареењето на својот дух

Беспрекорна завршница

Крајот нема никаква врска со тоа како денеска изгледаме, но има врска со тоа каков е нашиот живот. Нека, затоа годините во животот бидат подготовка за денот кога ќе дојде крајот (новиот почеток).

Стареј грациозно, расти мудро, сакај толку за со љубов да ги опфатиш сите луѓе.

Нека твојата беспрекорна завршница биде спокојна прегратка и пат кон подобро, ново и непознато, а твојот живот дар секому кој те носи во срцето.

Малечка, ти сакаш сè што е розе и украсено, сигурен сум дека еден ден и сама ќе сфатиш дали шминката е навистина важна.

Сепак, се молам еден збор да ти стане важен – последниот збор кој ќе го изговориш пред спиење, кога ќе те прашам каде си најубава.

Зборот кој е толку светол што ниту еден коректор не би можел да го сокрие.

Каде си најубава? Внатре.

Од моето срце, до твоето,

“Тато“

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?