Да се потсетиме колку е корисен дождот, со оваа слатка детска песничка од српскиот поет Јован Јовановиќ Змај.
Дожд
Дождец златен,
благодатен,
паѓај, паѓај,
во долина,
во долина
и планина.
Дождец златен,
благодатен,
накваси ни
цвеќе мило,
поубаво
да би било.
Дождец златен,
благодатен,
во гора те
поток чека,
за да брза
в бујна река.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.