Волфганг Амадеус Моцарт роден во Салцбург на 27 јануари 1756 , а починал на 5 декември 1791 во Виена бил австриски композитор. Тој се смета за еден од најголемите композитори на европската класична музика. Моцарт создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела за различни соло инструменти, особено за пијано.
Сите негови биографи без исклучок започнуваат со „чудо од дете“, потоа момче кое попрво ги познавал нотите одошто буквите, а до крајот на својот мошне краток живот создал за многумина несфатливо голем број дела-над 600 од најразлични жанри!
Кратка биографија
Имал само 3 години кога почнал да компонира едноставни песнички, а на 5 почнал да одржува концерти.
Имал исклучително музичко детство. Мошне рано стекнал посебно музичко образование, за што секако придонел фактот дека неговиот татко Леополд бил признат и познат музичар-виолинист, композитор, учител. Поради забележаниот изненадувачки брз развој на Моцартовиот музички талент, тој брзо ја запоставува личната кариера за целосно да му се посвети на синот. Точна проценка на човек кој ги знаел и умеел да ги препознава музичките вредности: раната голема музичка зрелост на Волфганг набрзо ќе биде откриена пред очите на светот.
На само 4 години тој го одушевил Леополд свирејќи наизуст неколку дела на чембало. На 5 години првпат јавно настапува во Салцбург, а со импровизацијата, леснотијата во изведбата на најкомплицирани музички лекции малиот гениј ги освојува дури и најсомничавите музичари. 4 месеци подоцна, на настап кај принцот на избраниот на Баварија Емануел III го поздравуваат како „божествен“.
Првата опера изглегла од неговото перо со неполни 12 години.
Мистеријата за смртта на Моцарт
За смртта на Волфганг Амадеус Моцарт постојат многу загадочни приказни. Една од тие е верувањето дека бил отруен. Но некои сметаат дека судбоносна била неговата страст спрема свински котлети!
Починал два месеца пред својот 36-ти роденден. Неговата жена Констанца која била 6 години помлада била толку вџашена и очајна што едноставно се струполила во креветот покрај мртвиот маж. Се надевала дека и самата ќе се зарази и така ќе го оконча својот несреќен живот.
Се верува дека по големо невреме на 7 декември телото на Моцарт е пренесено до селските гробишта, оддалечени 5 километри од Виена. Погребан е без никаков обред, дури и без присуство на свештеник. Неговата жена направила најскромен погреб, во заедничка гробница за 7 мртви, бидејќи била без пари. Неговиот гроб не бил обележан, па така и останало. 7 години подоцна работници ја прекопале заедничката гробница, па не останала речиси никаква трага за тоа дека телото на Моцарт престојувало на овој свет. Неговиот сандак никој не го испратил, освен неговото куче.
Сепак, смртта на Моцарт не останала целосно незабележана. Во весниците бил објавен текст за „смртта на еден од најталентираните музичари во Европа кој уште како дете го воодушеви светот“.
Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.
Моцарт како тема во уметноста и во популарната култура
Моцарт се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:
„Моцарт во Прага“ – збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1951 година.
Што претставува креативноста за Моцарт?
„Кога се чувствувам добро и со ведро расположение, или кога се возам или шетам после добар оброк или кога не можам ноќе да спијам, мислите се редат во мојата глава со леснотија која може само да се посака. Од каде и како тие доаѓаат? Јас тоа не го знам и не можам ништо да направам по тој повод.
Тогаш мојата душа гори на огнот на инспирација и ништо не може да ми ја попречи работата. Делото расте, јас го проширувам, го конципирам сè појасно и појасно додека целата композиција не биде завшрена во мојата глава, без оглед колку е долга…Не ми доаѓа во сукцесивни целини, онака како што се менуваат деловите и како ќе звучи после, туку мојата фантазија ми дозволува да чујам во нејзината целост истовремено.
Па, како се случува мојата композиција да поприми форма или стил кој го карактеризира всушност Моцарт, а не некој друг? Баш како што се случува мојот нос да е голем и закривен, а не како носот на некој друг човек. Не се трудам околу оригиналноста и би бил на губиток ако се обидам да го опишам мојот стил. Сосема е нормално луѓето кои поседуваат нешто посебно, да треба да бидат поинакви од другите и во својата надворешност како и во внатрешноста.“
Прочитајте ja и оваа статија за Анри Матис, претставник на модерното европско сликарство.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.