Двајца малечки пријатели се лизгале по замрзнато езеро. Бил сончев, но студен ден. Мразот одеднаш се скршил и еден од нив пропаднал во водата.
Водата не била длабока, но мразот почнал брзо да се стега. Другото момче дотрчало до брегот, дофатило камен и се вратило назад.
Со цела сила мавало по ледот и го разбивало, потоа го фатило пријателот за рака и го извлекло од водата.
Луѓето брзо се собрале, гледале што се случило и зачудено прашале како е тоа возможно.
Како тоа момче со толку мали и слаби рачиња би можело да го разбие дебелиот мраз и да го извлече пријателот?
На тоа се огласил еден старец:
– Јас знам како успеало.
– Како?
– Немаше никој да му каже дека тоа е невозможно.
Поука: Не дозволувајте другите да ви кажуваат што можете, а што не!
Прочитајте ја и оваа приказна за љубовта кон себе!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.