Занимливости и информации Поучни приказни

Кратка поучна приказна за вербата во себе и во својата моќ

Двајца малечки пријатели се лизгале по замрзнато езеро. Бил сончев, но студен ден. Мразот одеднаш се скршил и еден од нив пропаднал во водата.

Водата не била длабока, но мразот почнал брзо да се стега. Другото момче дотрчало до брегот, дофатило камен и се вратило назад.

Со цела сила мавало по ледот и го разбивало, потоа го фатило пријателот за рака и го извлекло од водата.

Луѓето брзо се собрале, гледале што се случило и зачудено прашале како е тоа возможно.

Како тоа момче со толку мали и слаби рачиња би можело да го разбие дебелиот мраз и да го извлече пријателот?

На тоа се огласил еден старец:

– Јас знам како успеало.

– Како?

– Немаше никој да му каже дека тоа е невозможно.

Поука: Не дозволувајте другите да ви кажуваат што можете, а што не!

Прочитајте ја и оваа приказна за љубовта кон себе!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје