Литература Општо Писатели и поети Странски автори

Гијом Аполинер – творец чии дела пркосат на времето

Гијом Аполинер е роден на 25 август, 1880 година во Рим. Живеел до 1918 година. Бил новинар во Париз и еден од најдобрите пријатели на Пабло Пикасо. Негова најпозната збирка поезија е „Алкохоли“, издадена во 1913 година. Со оваа стихозбирка стекнал светска слава. Пикасо работел портрет за оваа книга.

Бил во војната, а таму е тешко погоден. Бил опериран, но набрзо потоа умрел. Гијом Аполинер покрај поезија, напишал и неколку новели, драми и фикции. Во своите песни не користел интерпукциски знаци. Меѓу неговите дела се вбројуваат: „Јулија или розата“, „Тајни пoеми за Мадлена“, „Што да се прави?“, „Рим на Борџиеви“, „Седнатата жена“ и многу други.

Имал бурен живот. Го сомничеле за кражбата на сликата Мона Лиза од Лувр, заедно се неговиот пријател Пабло Пикасо, но заради недостиг на докази двајцата биле ослободени. Подоцна се докажало дека вистината е на нивна страна. Тој го напишал предговорт за првата кубистичка изложба надвор од Париз – VIII Салон на независните, Брисел. Аполинер бил активен како новинар и критичар во Ле Матен, Ентрансижан и Пари Журнал. Еднаш повикал Лувр да биде запален.

Набрзо по неговата смрт, била издадена книгата „Калиграми“ – збирка негова поезија чии типографија и дизајн придонесуваат за севкупниот ефект на истата.

Анализа на песната „Мост Мирабо“

Во центарот на лириката на овој поет се Париз и жените. Познатата песна „Мост Мирабо“ претставува потресен запис за крајот на неговата долга љубовна врска со една од најголемите европски сликарки на ХХ век, Мари Лоренсен. Дури и самиот Аполинер кажува дека ова е една тажна песна. Напишана е во 1912 година и е составен дел од стихозбирката „Алкохоли“, која е објавена во 1913 година.

Низ песната преовладува размислувањето за изгубената љубов. Со својот грчлив вкус на изразување, Аполинер ја доловува целата суштина на љубовта. Во песната доминираат темите: човек, љубов и време.

Во песната „Мост Мирабо“ симболично се спојуваат темите за минувањето на времето и крајот на љубовта со течението на реката Сена. Мостот под кој тече Сена е симбол за спојување на два брега, односно воспоставување на врска меѓу луѓето, но секогаш во трка со времето. Реката Сена е симбол на минливоста, а кај поетот буди сеќавања на старата љубов зад која останала само болката. Со водата и времето минува сè, а на мостот останува само осамениот поет. Неговата љубов постои само во спомените.

Со кратките стихови и рефренот, кој се повторува во песната, Аполинер во центарот ги става класичните теми за фаталноста на времето и љубовната болка. Во рефренот: „Нека чукне часот и ноќта нека почне, деновите носат сè, освен мене“, кој се повторува четири пати, после секоја стофа од песната, Аполинер го нагласува времето и минливоста на сè околу нас. Рефренот сликовито го пренесува незапирливиот тек на настаните, кои минуваат покрај човекот, заробен во својата несреќа. Во песната нема интерпукција, па така се поврзуваат мислите и сеќавањата, минливоста на љубовта, просторот и времето, предметите и животот и текот на реката кој го симболизира времето и неповратот.

Прочитајте за Хорациј, најголемиот римски поет во своето време.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје