Под дождец ситен чекорам
и чадорот не го сакам
до пола лице во маска
до пола очила замаглени.
Не гледам ни лево, ни десно
како патник изгубен.
Живеам ете така
како прилегната
на автобуска станица
како просјак што моли
Живот на кредит
секој ден бараме.
Што е мое, што е наше
зборови на кредит
очи, виделина на кредит.
Ме здоболе левата нога
не, не е од срцето.
Ме здоболе десната рака
не, не е од товарот тежок.
Го слушам патникот
по патот вели
Бев во изолација!
Живот на кредит!
Да бев моќниќ на сите
ќе им падарев светлост
и убави насмеани насмевки,
со бели стаклени заби
и виделина ќе им подарев
со бистар поглед.
А дождецот роси
го допирам ми бега,
а го сакам.
Косата влажна се топи
а раце кон небо се пружаат
мисли надежни канам.
Живот, живот на кредит.
Менче Кадинец