Прекрасен роман кој со носталгија ве враќа во старите времиња кои се тесно поврзани со нашата традиција и судбината на балканските жени кои секогаш морале да го носат на грб товарот на семејството. Овој роман ја отсликува балканската жена со сите нејзини немири, неостварени соништа и болки за пропуштената младост.
Борисав Станковиќ е писател кој пишувал пред своето време и меѓу првите на овие простори кој успеал да навлезе во внатрешниот свет на балканските жени, патријахално воспитани, кои ја воздржувале својата дива страст.
Социолошки роман
Романот „Нечиста крв“ носи елементи на социолошки роман, бидејќи се заснова на социјалните односи и промените во општеството во тоа време. Романот го опфаќа периодот по ослободувањето на Врање од Турците, т.е. по 1875 година, или време од крајот на 19 век. Тоа време во Врање и во пошироката, новоослободена Србија, беше обележано со големи општествени промени, особено на југот, кој подолго време бил под турска власт.
Во прв ред, романот е историја на едно чорбаџиско семејство од Врање, од неговите најусшпешни времиња („од турските времиња“) до загубата на богатството и моќта. Меѓутоа, оваа историја не е сведена на „физиолошката дегенрација на едно старо богато семејство“ во стилот на натурализмот на Зола. Во романот, никој не е сведен само на темперамент, на физиолошка суштина. Секој лик е карактер чиј начин на мислење и став кон луѓето се определени од општествената положба.
Полуфеудално општество
Сепак, „Нечиста крв“ ги преминува рамките на хроника на едно семејство и прераснува во историја на едно полуфеудално, патријархално општество. Уште повеќе, романот претставува слика на секое општество во кое владеат парите и обвинение против секое општество во кое човечката личност се лишува од слободата и, со тоа, се нагрдува.
Покрај социјален овој роман е и психолошки но и постои еден биолошки аспект кој го надминува и психолошкиот со што доаѓа до една морална извотепереност кај главниот лик Софка која се чини ја наследува од своите предци.
Трогателен роман кој мора да го имате на вашите полици и да го прочитате за да се потстетите на „пусто турско“ кога мажите биле закон во куќата.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.