Сон

Боговите ќе стивнат в’ час

поклон, покорно ќе дарат

за тебе, олицетворение забрането

Чудно си ти овоштје, никогаш допрено

некогаш разбрано, ил пак разбранувано

Не пренебрегнувај ја мојта покана

да двајцата сонот го сониме

при јаве изнесен, го живееме

А тој, тој светол скиптар

Со него да светови освојуваме

Вечерва дај ми, од земја плодови

При срце принесени од твојте раце

Биди ми на душава спокој

Во ноќите, остави ме да сонувам

како при виделина двајцата чекориме

Кон сенките на радоста смела

Љубовен вознес, и само љубов

скромно те грабам, и велам:

пријди ти богинко

ти, моја виканска убавино

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?