Двајца мажи отишле на риболов. Едниот бил искусен риболовец, а другиот не бил. Секојпат кога ќе фател голема риба, искусниот риболовец ја ставал во голема кутија со мраз за да ја одржи свежа. Меѓутоа неискусниот риболовец секогаш кога ќе уловел голема риба ја враќал назад во водата.
Искусниот риболовец го набљудувал тој ритуал цел ден и на крајот од денот, уморен од гледањето како неискусниот риболовец ги враќа назад големите риби во водата, го прашал:
– Зошто постојано ги враќаш назад во вода сите тие големи риби што ќе ги уловиш?
Неискунсиот риболовец одговорил:
– Бидејќи имам мала тава.
Поука: Понекогаш и самите ние сме како тој неискуен риболовец. Ги отфрламе нашите големи планови, сонови, големите работи и прилика кои ни се дадени во животот. Само затоа што нашата тава е премала за нашата риба.
Прочитајте ја и приказната за искуството на една учителка со нејзините ученици.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.