Песната Мостот Мирабо е извадок од збирката Алкохоли објавена во 1913 година. Аполинер зборува за неговата врска со Мари Лоренсин, сликарка со која живеел заедно, но и за времето кое лета и потсетува на водата која постојано тече.
Водата е земена како романтична и лирска тема и сеоднесува на текот на времето и поминувањето на љубовта.
Мостот Мирабо се протега од 15 до 16 арондисман во Париз и е изграден во 19 век. Се вика Мирабо во чест на писателот, дипломатот и францускиот револуционер Оноре Габриел Рикети де Мирабо.
Мостот Мирабо
Под мостот Мирабо тече Сена
А за нашите љубови
Радости нема
После секоја тага радост доаѓа голема
Нека чукне часот и ноќта нека почне,
деновите носат сè, освен мене
Лице в лице држејќи се за раце
Стоиме под мостот
Од нашите раце поминуваат течни
Уморните бранови од погледите вечни
Нека чукне часот и ноќта нека почне,
деновите носат сè, освен мене
Љубовта оди како вода што мрмори
Љубовта си оди
Ох животе спори
А надежда наша од оган гори
Нека чукне часот и ноќта нека почне,
деновите носат сè, освен мене
Деновите летаат месеците чезнат
Ниту времето проаѓа
Ниту љубовта се враќа
Под мостот Мирабо тече Сена
Нека чукне часот и ноќта нека почне,
деновите носат сè, освен мене
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.