Благородниот кинески војвода Му Чин му рекол на По Лу:
– Ти веќе влезе во години. Постои ли некој во твоето семејство кој би можел да го земам во служба наместо тебе, да ми ги бира коњите?
По Лу одговорил:
– Добриот коњ може да се препознае по градбата и изгледот. Но исклучителниот коњ – оној кој не дига прашина и не остава трагови – тоа е нешто непостојано и недофатливо како воздух во висините. Талентите на моите синови се многу скромни. Тие не можат да препознаат добар коњ кога ќе го видат, но не можат да препознаат исклучителен. Но сепак имам еден пријател, се вика Чиу – фанг Као, тој е уличен продавач на зеленук кој во познавањето на коњите нималку не заостанува зад мене. Те молам, повикај го него.
Војводата Му Чин така и направил. Го повикал тој човек да му пронајде коњ. Три месеци подоцна, човекот се вратил и рекол дека го пронашол.
– Каков е тој коњ?, прашал војводата.
– Некоја сивкаста кобила, добил одговор.
Меѓутоа кога војводата бил пратен по коњот се покажало дека тој е пастув, црн како јаглен. Крајно незадоволен, војводата го повикал По Лу.
– Тој твојот пријател, кога го испратив да ми пронајде коњ, лошо се покажа. Па тој не разликува дури ни боја ниту пол на животните! Што воопшто знае тој за коњите?
По Лу длабоко воздивнал од задоволство.
– Зар дотаму стигнал? – извикал. Ах, тогаш тој не вреди десет илјади пати повеќе од мене. Ние воопшто не можеме да се споредиме. Она што тој го има на вид е духовната страна. Во потрага по суштината тој ги занемарува вообичаените детали. Оспеднат е со внатрешните квалитети, го губи од вид надворешниот изглед. Тој го гледа она што сака да го види, а не го гледа она што не сака да го види. Внимава на она на коешто мора да се внимава, а го занемарува она на кое не мора да се внимава. Тој е толку добар познавач на коњрите што во себе крие способност да проценува и нешто повеќе од нив.
Кога коњот стигнал, се покажало дека тој е навистина исклучително животно.
Прочитајте ја и оваа кратка приказна за двајцата риболовци.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.