„И каменот има душа“ од Филип Димкоски излезе од печат

„И каменот има душа“ збирка песни од Филип Димкоски конечно излезе од печат. Повеќе за деталите прочитајте во продолжение.

Станува збор за книга која ја содржи неговата песна „И каменот има душа“ во оригинална верзија на македонски јазик и со нејзините препеви на 13 словенски јазици. Односно сите словенски јазиви што се говорат денес, а како што знаеме потекнуваат од старословенскиот.

Огромна екипа работела врз создавањето на оваа книга. Препејувачи: проф. Палмира Никленова (бугарски), проф. Рефика Дедиќ (босански), м-р Бистрица Миркуловска (словенечки), д-р Александар Димкоски (српски), Маја Мастнак Цар (хрватски), проф. Ивана Ѓукиќ (црногорски), м-р Дорота Свијацка. Коректура на препевот: проф. д-р Mилица, Миркуловска (полски), Антониа Рагуж. Коректура на препевот: Зденка Валент Белиќ (словачки) Теа Тушек. Коректура на препевот: м-р Диме Митревски (чешки), Олга Панкина (руски), Сергеј Амелчук (белоруски), Алеш Бразунов (белоруски), Aна Марија Ленѓер (русински), Ана Багрјана (украински).

Издавач: Aкадемски печат.

Поговор: проф. д-р Наталија Лапаева-Ристеска.

Автор на корицата и на илустрациите во книгата: Владимир Здравески, дипломиран сликар.

Графичко обликување: Владимир Здравески.

Лектура: Нада Алексоска.

Авторот Филип Димкоски преку својот профил им се заблагодари на поддршката на сите негови соработници што учествувале во создавањето на оваа книга. Како и на сите негови пријатели и читатели. Сите што сакаат да дојдат до книгата и до информации со нејзе да му се обратат преку порака на Фејсубк.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?