Од кога датира и зошто китењето елка е долгогодишна традиција?

Накитената елка е симбол на новогодишните празници, а малку е познато дека китењето на елка датира уште од стариот Рим.

Китењето на елката на начинот на којшто тоа го правиме и денес, е „родено” во Германија, кога во средниот век за католичкиот Божиќ елката се китела со црвени јаболки, а во западниот дел на денешна Германија и со колачиња во најразлични облици, како и свеќи кои што го симболизирале Исус Христос како вечна светлина. Во вековите подоцна овој обичај се проширил ширум целиот Стар континент, а во Англија елките накитени со бонбони, хартиено цвеќе, машни и мали подароци за прв пат се појавиле во 1841-та година.

Украсувањето на елката некогаш било резервирано само за богатите, но овој обичај набрзо го прифатиле сите. Доселениците од Германија овој обичај го претставиле и во САД, а Азија за китењето на елките дознала од мисионерите.

Во Германија е сочувана слика од бискуп нацртан покрај новогодишна елка, а елката ја носат луѓе низ градот. Се верува дека тој бискуп го претставувал Свети Никола.

Вештачките елки станале популарни во раниот 20 век. Со години ваквите елки биле правени од метал, хартија, пердуви и различни видови на пластика.  Во Викторијанската ера свеќите закачени на елката означувале ѕвезди, а во некои делови на Европа се уште се користат како украси. Поради страв од пожар, во 1895 година се направени првите електрични сијалички како замена за свеќите.

Како биле направени лампионите?

Лампиони се користеле како украси уште откога се почнало со китење на елките, но за разлика од денешните лампиони, тие биле направени од вистинско сребро. Оние кои не можеле да си дозволат такво украсување со сребро, елките ги кителе со црвени, зелени и жолти јаболки.

Прва личност која елката ја однела дома, по обичаите кои денес ги славиме, бил свештеникот Мартин Лутер.

Постојат бројни теории за тоа од кого точно обичајот за китење на елката навистина потекнува.

Најчесто се споменува симболиката на дрвото во обредите пред појавата на христијанството, особено во приказната за дабот на громовникот Тор. Дабот всушност претставува важно дрво во старите верувања на разни народи. Таму ова дрво вообичаено претставува симбол и свето растение на врховните богови-громовници. Во словенската митологија, ова е дрвото на Перун.

Што вели митологијата за елата на која ѝ ја дале улогата на свето дрво?

Во нордиската митологија пак, дабот важи за свето дрво на громовникот Тор. Според една предание, за време на христијанизацијата на Германите, Свети Бонифациј ги сотирал светите дабови на германскиот род Хати и од нив правел цркви. A улогата на свето дрво ѝ ја предал на елата (чиј триаголен облик го симболизирал Светото Тројство). Слични напори во своите мисии правел и македонскиот светител Константин Филозоф, кога се обидувал да ги хирстијанизира Аланите и околните народи.

Дабот го исекол со триесет и три удари, симболизирајќи ја возраста на која воскреснал Исус Христос. Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, потенцирал дека во 723-та или 724-та година, исекол едно од овие стебла, како на паганите би им ја покажал супериорноста на христијанството над нивната религија. Тој во тоа и успеал и моментот опишан со оваа легенда вообичаено се смета за клучен за христијанизацијата на Германите.

Во етнолошките записи овој обичај на китење елка се смета за пагански, а зимзеленото дрво потсетувало дека зимата ќе замине и повторно ќе настапи пролетна.

Погледнете ја и оваа статија со Божиќната реклама од Дизни.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?