Skip to content

Опседната – Лина Димоска

Зар е можно да не бидам опседната со тебе?
Можно е?
Ми се шеташ низ мисливе ко твои да се!
А мене од секоја помисла на тебе душава ми заигрува.
Среќна сум на некој чуден начин.
Ми мамиш насмевка на лицево
ко да сум дете на лижавче што се радува.

Зар е можно да не бидам опседната со тебе?
Од мисливе ги бркаш сите мои демони.
Ти си светлата точка во цела моја темнина
и јас сакам,
сакам да сум опседната со тебе.
Опседната сум со очите твои.
Тие крупни зелени очи што потсетуваат
на најсјајните ѕвезди во мракот.

И не сакам да си заминеш.
Не можам да те пуштам да си одиш.
Не можам да се откинам од тебе.
Не можам од мисли да те извадам.

Секоја разделба ми нанесува немир.
Секоја разделба болка ми буди
и во мене пак темнината и бедата се разбеснуваат.
Мразам раздебли.
Едноставно мразам.
Ете затоа никако не те пуштам.
Ете затоа сум опседната.
Опседната сум со тебе.

Напишете коментар