Во далечната земја Чудесија, и лисичинањата, како и вие, деца, уште како мали учат многу полезни нешта. Затоa таму има градинки за лисичиња.
Тој ден, воспитувачката во таа градинка, госпоѓицата Лиса, ги учеше малите лисичиња како да ги распознаваат бројките. Нејзиното прашање гласеше:
– Ако имаме една кокошка, и ако додадеме уште една кокошка, што добиваме?
На ова прашање одговори лисичето, кое задоцни на часот затоа што собираше китка цвеќиња во дворот:
– Ако имаме една кокошка, и ако додадеме уште една кокошка, ќе добиеме, ќе добиеме…ручек за сите!
– Одоговорот ти е за чиста петка, нема дума. Од тебе ќе биде добра лиска, кума – го пофали пред сите воспитувачката.
Ванчо Полазаревски
Прочитајте ја и оваа приказна за деца за двете сестри кои наутро се подготвуваат за училишниот ден.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.