Skip to content

Кратка поучна приказна за тишината

Што значи тишината за нас? Што значи тишината за оние кои одбрале да живеат во целосен склад со неа? Прочитајте каков одговор им дал монахот на луѓето кои ги интересирало каква е смислата на неговиот живот.

Еден ден некои луѓе пошле кај некој осамен монах. Го прашале:

– Која е смислата на твојот живот во молчење?

Монахот нацрпил вода од длабкиот избор. Им рекол на своите посетители:

– Погледнете во изворот! Што гледате? Луѓето гледале во длабокиот извор.

– Не гледаме ништо, рекле.

После кратко време испосникот повторно ги повикал своите посетители:

– Гледајте во изворот! Што гледате? Луѓето повторно погледнале долу.

– Во суштина, сега се гледаме самите себе.

Монахот рекол:

– Гледајте, кога предмалку нацрпив вода таа се разбранува. Сега водата е мирна. Тоа е искуството на тишината: Се гледаш самиот себе.

Прочитајте ја и следнава Божиќна приказна.

Напишете коментар