Беше Бадник. Бабата, според старите обичаи, ги собра своите ќерки и внуци: Томче, Фима, Мери и Маца и неколку пријатели, селскиот поп, младиот лекар и учителот.
– Што ни донесовте? – прашаа децата во хор. – Можеби тобра. – рече Маца. Таа беше најмала од сите, но најмногу сакаше да јаде.
– А за мене меч! – се надеваше Фима. Сонуваше да стане познат воин.
– Сигрно е брод! – извика Томче бидејќи беше сигурен дека ќе стане капетан на брод кога ќе порасне.
– Убав фустан. – воздивна тетка Летка. Таа многу ги сакаше убавите фустани, но беше многу сирмоашна, па не можеше да си купи еден.
Марија, убава и нежна девојка, целата насмеана погледна во младиот лекар. Тој ѝ се насмевна. Не си поставуваа прашања еден на друг. Доволно им беше да бидат заедно.
Стариот учител се приближи до огништето и истури маку бел прав врз разгорените трупци.
– Еве! – извика тој и плесна со рацете. – Јас ви го донесов ова! – облак од црвен чад се крена на горе, а потоа се претвори во златна прашина. Облакот иструи многу нешта зад себе.
Томче одеднаш се најде на големиот брод кој отскокнуваше на дивите бранови во морето. Тој херојски го грабна кормилото в раце и го одведе бродот во безбедна насока.
Фима се најде сред крвава битка. Непријателите нападнаа од сите страни, но неговиот остар меч не го издаде.
Лекарот и Марија слушнаа музика како на свадба, весела, ѕвонлива. Околу се слушаше смеа и тропање на топуци од игра. Се погледнаа еден со друг и забележаа дека се свечено облечени. Тој во костум, а таа во венчаница со венец и превез.
Бабата го виде својот одраз во едно огледало заробено во златна рамка. Се виде себеси млада и убава, како што беше некогаш. Тетка Летка во рацете доби огромен пакет. Кога го отвори виде дека внатре се наоѓа прекрасен, црвен фустан.
Маца забележа дека орманите и полиците се направени од чоколадо, а завесите од шеќерна волна, перниците од најубави колачи. Ох, едвај чекаше да се изнајаде.
Попот почувствува студ. Погледна наоколу и виде чисто небо преполно со ѕвезди, а пред него осветлена пештера. Тој сфати дека се наоѓа пред пештарата во која се раѓа Исус и дека тоа е првата Бадникова вечер.
Дојде полноќ. Камбаните биеа од сите страни. Наставникот го истресе чадот од раката, а во собата се распрсна силна светлина. Сите привиденија исчезнаа, сите се разбудија од соништата, но среќата и мирот останаа длабоко во сечие срце.
Дури и кучињата задоволно лаеа во дворот, мафтајќи со опашките, среќни, но никој никогаш не откри што тие сонуваа.
Прочитајте ја и приказната за познавачот на животни.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.