Зошто е важно денот да биде органзиран?

Кога е зимски период обично луѓето повеќе време поминуваат во своите домови, на затворено, а со тоа се чувствуваат поизолирано. Обично овој период од годината постои поголема “сезонска депресија“ или кај повеќето владее неубаво расположение. Причини за ова можат да бидат повеќе. Можеби поминувате низ тежок период од животот, сте изгубиле работа, сте прекинале врска или сте во фаза на разведување или слично. Како ова да е малку, сите сме изложени на дополнителен стрес предизвикан од пандемијата.

Која и да е причината поради која се чувствувате под стрес, или не сте “доволно свои“, секогаш помага кога ќе создадете одредена струкутра во своето секојдневие. Постои некое чувство на организираност и продуктивност кога го организираме секој ден од неделата. Помислете на децата. Тие растат преку рутини – време за ручек, рутина за пред училиште, за пред вечера, после вечера, ноќна рутина и не сакаат кога излегуваат од рутината, тогаш протестираат кога таа е прекршена.

Зошто се случува тоа? Зошто прекинувањето на рутината вознемирува?

Бидејќи структурата, односно организираноста ја снижува анксиозностa. При воспоставена рутина децата секогаш знаат што следува после одредена активност, а кога тој редослед е нарушен им се јавува чувство на збунетост.

За нас возрасните создавањето рутина исто така има свои придобивки. Но уште поважно бидејќи сме возрасни, ја редуцира нашата потреба за правење одлуки, тргајќи го настрана креирањето на денот од самиот старт. Ова нè држи под контрола, а редовноста доведува до вкоренетност на одредена навика.

Што со луѓето кои се емоционално засегнати, имаат анксиозност или оние кои го базираат денот не според тоа што сакаат да го постигнат туку водејќи се според своите чувства?

Секако дека постојат здрави и нездрави рутини и тука е клучниот момент. Ако вашата рутина се состои од стигнување дома и пиење половина шише алкохол или гледање “безвезни“ работи сè додека не дојде време за спиење, таа не е здрава навика. Но ако сакате да ги искорените овие нездрави начини на живеење или сакате да воведете организација во вашиот живот, прочитајте ги следниве предлози.

Испланирајте го вашиот идеален ден

Ако треба да го креирате вашиот идеален ден, што би вклучиле во него? Кое време би станале, што би правеле пред појадок, што после ручек? Што би правеле прво, што второ, трето? Како би се релаксирале? Како би ви завршил денот за да се чувствувате задоволно? Да се чувствувате дека тој е ден кој сакате да го повторите и сте доволно опуштени за да спиете добро?

Мислете на активностите, перење, диплење, пеглање на алишта, вежбање, на сите задолжителни и помалку задолжителни “обврски“ што треба да се завршат. Направете список со обврските и штиклирајте ги завршените задачи во текот на денот. Исто како и децата, организирајте го времето според дневните рутини.

Испланирајте ја вашата недела

Ако имате специфични цели за неделата, вметнете ги во секојдневните рутини. Ова е моментот кога десетгодишниот Џон треба да го вметне во неговата недела завршувањето на неговиот научен проект до следниот понеделник наместо да го прави целосно во недела. За вас тоа може да биде чистење на гаражата, проверка на автомобилот, закажување на лекарски преглед. Недела е идеален ден да седнете и да размислите кои се вашите приоритетни задачи, како и на кој начин истите ќе ги вметнете во дневниот распоред.

Ако вашата недела изгледа премногу напорна, поставете лимит на три или четири задачи, но рангирајте ги според приоритет. Или пак поделете ги поголемите задачи во неколку сегменти, за нивното извршување да не ви дојде наеднаш. Под контрола ќе ги држите работите ако бидете проникливи наместо реактивни.

Зошто е важно кога денот е организиран?

Чувството на продуктивност и задоволство од убаво “потрошен“ уште еден ден од нашите животи е поголемо кога знаеме дека сме исполниле сè што сме испланирале. Секогаш постои опција дека во некои денови не може да оди сè според планот и организацијата. Колку и да планираме можат да се случат непредвидливи работи. Меѓутоа, главното структурирање на денот е од голема помош кога сакаме да бидеме на “висина на задачите“. И да создадеме здрава рутина од која ќе имаме само придобивки.

Прочитајте и ја следнава статија за организиарноста!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?