Ехо – Виктор Кадинец

И да мислев до каде ќе стигнам,

не ќе тргнев.

Ниту веќе време имав да дарам.

Немост ми беа сите гласни жици,

од збор до збор.

Говор кој говори,

зборови, неизговорени.

Како ехо нестасано,

преморено од патот кон крајот.

 

И да мислев како да го стигнам.

Ни трк ќе земев.

Залет силен.

Ехо ко ехо иди и се враќа.

Ама времето не,

времето не се брка,

само не арчи…

само се арчи…

 

Дур и да мислев до каде ќе стигнам

и време да имав…

ќе го изгубев во ехото.

Секој довикува некого,

само ехото никого,

зошто се губи на крајот.

Само се арчи…како времето.

Виктор Кадинец

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?