Skip to content

Пердув

Кога на светот див,
му е потребна од љубов налив
кога зборот е глув
кога душата тежи колку еден пердув,
тогаш, токму тогаш умот сонува,
тогаш, во најголемата тишина љубовта најгласно зборува.
Кога воздухот е сув,
кога целиот свет на рамењата е ко еден пердув,
тогаш тоа што се чини невозможно успева.
тогаш и она што е немо почнува магично да зборува.

Напишете коментар