Предлог книга за оваа седмица – Госпоѓа министерка од Бранислав Нушиќ

Драмата на Бранислав Нушиќ „Госпоѓа министерка“ може да ја прочитаме неколку пати и секогаш да ни биде интересна и да ни донесе малку светлина и позитива кога најмногу ни треба.

Интересно е тоа што можеби секој од нас на моменти наликува на еден од ликовите во оваа комедија која не остава никого рамнодушен. Дали можеби сме сите жртви на општеството во кое живееме и заради кое на моменти го губиме здравиот разум сакајќи да се допаднеме на другите и да оставиме посебен впечаток?

Главната хероина Живка Поповиќ во оваа комедија  откако дознава дека маж и станал министер го губи критериумот за сопствената важност и од затворена патријахална домаќинка станува отмена госпоѓа. Таа станува толку многу важна што се нарекува себеси министерка. Уште следниот ден печати посебни визит карти на кои пишува дека е министерка, од Живка станува Живана, за нејзиниот син наоѓа наставничка по англиски јазик, за ќерка си наоѓа нов зет кој сега им доликува како влијателно семејство.

Но нејзината отменост постојано се коси со нејзината непосредна и припороста природа и тоа доведува до чести комични ситуации кои се вистинска слика на животот во тоа време кое секако наликува и на денешното.

Нејзината лаковерност и наивност ја доведува во прашање нејзината чест. Станува себична и го свртува грбот на својата фамилија.

Целата драма се чита во еден здив и е топла препорака за дождливите зимски денови кога ни требаат малку позитивна енергија и насмевка плус. Уживајте во ова прекрасно дело на ненадмилиот Бранислав Нушиќ.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?