Коле Неделковски, роден како Никола Крстев Неделков (16 декември 1912 – 2 септември 1941) е истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни.
Роден е е на денешен ден. Во негова чест, објавуваме две негови песни „Рането срце“ и „Ропство“ од збирката Молскавици.
Рането срце
От како ноќ се зададе
и пуста темна тамнина
падна врз земнја широка,
ја ми те, Родне, зачекаф,
со тажни очи загледаф
у тоа ваше пенџере.
Та белки ке ми излезеш
бисер си уста д’отвориш
и да ми мило прозбориш,
ели со рака мермерна
ишарет да ми направиш,
рането срце да скротиш,
а ти се, Родне, не мерна,
ни ме со очи погледна,
нити со рака намавна!
И така ноќта измина,
рујна се зора зазори
ф срце ми рана с’отвори.
Низ мене, Родне, заигра
твоето лице калешо
со тиа очи пламени.
Ропство
Дејди, моја мила мајко,
от кај иде силен екот,
дење-ноке век ќе крене
мира мајко не ни дава?
Дали негде огин гор(и)
та сред огин змии пиштат:
ели, мајко, веди трештат
та се пуста земнја тресе? —
„Нити, синко, огин гори,
ни сред огин змии пиштат,
нити веди, синко, трештат,
ни се пуста земнја тресе,
туку, синко, полошо е
и од огин и од вода,
врие, чедо, тиран гладен
низ нашава црна земнја;
кај што мине — чума мори,
кај што седне — земнја пишти;
нигде помен не остави,
ни од живо, ни од мртво.“
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.