Коле Неделковски – Рането срце

Коле Неделковски, роден како Никола Крстев Неделков (16 декември 1912 – 2 септември 1941) е истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни.

Роден е е на денешен ден. Во негова чест, објавуваме две негови песни „Рането срце“  и „Ропство“ од збирката Молскавици.

Рането срце

От како ноќ се зададе
и пуста темна тамнина
падна врз земнја широка,

ја ми те, Родне, зачекаф,
со тажни очи загледаф
у тоа ваше пенџере.

Та белки ке ми излезеш
бисер си уста д’отвориш
и да ми мило прозбориш,

ели со рака мермерна
ишарет да ми направиш,
рането срце да скротиш,

а ти се, Родне, не мерна,
ни ме со очи погледна,
нити со рака намавна!

И така ноќта измина,
рујна се зора зазори
ф срце ми рана с’отвори.

Низ мене, Родне, заигра
твоето лице калешо
со тиа очи пламени.

Ропство

Дејди, моја мила мајко,
от кај иде силен екот,
дење-ноке век ќе крене
мира мајко не ни дава?

Дали негде огин гор(и)
та сред огин змии пиштат:
ели, мајко, веди трештат
та се пуста земнја тресе? —

„Нити, синко, огин гори,
ни сред огин змии пиштат,
нити веди, синко, трештат,
ни се пуста земнја тресе,

туку, синко, полошо е
и од огин и од вода,
врие, чедо, тиран гладен
низ нашава црна земнја;

кај што мине — чума мори,
кај што седне — земнја пишти;
нигде помен не остави,
ни од живо, ни од мртво.“

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?