Не дирај во ничиј сон
Таму ни е на сите единственото место во коешто сѐ спојувавме
И сите до еден имавме бесплатна карта до некоја подобра дестинација
Белото го спојувавме со црно, а тоа не посивуваше
Ги вршевме сите оние разговори за коишто сме задоцниле или храброст сме немале
И со живите и со оние коишто одамна со нас не се
Таму беа сите заљубени среќно до еден
А не ко овде, во реалноста, каде најубаво љубовта ја опејуваа несреќно заљубените
Оние коишто сакале, а сакани не биле
И сите беа најсреќни
Таму старите ги учеа младите од своите грешки
Кога требаше да се сопрат,а кога да тргнат уште подалеку
И немаше простор за грешки, за сопки
Та не ќе си извадеше очи свои никогаш
Таму се препливуваа најголемите далечини за еден час
Или ако не умееше да пливаш скокаш од облак до облак и таму си, каде што си сакал да бидеш
И го прегрнуваш оној што си сакал да го прегрнеш
Немаше простор за тешкотии
Секогаш беше блага есен исполнета со разни овошки
Зимата со секаква боја на снежна идила
Немавме време за да се мразиме
Оние коишто ги посакувавме, можност имавме таму да ги прегрнеме најсилно
На место што ние ќе си го избереме
Таму немаше место за разделби, ни несреќни љубови
Ко овде што ги гледавме на пероните на пропаднатите нешта
И таму вечни сме сите
Нема смрт
Нема ни војна
Нема глад
Нема незкриженост за бескуќниците
Сите до еден сме сместени во топол дом.
Мартина Јакимовск