Skip to content

Џејн Остин, најчитана и најсакана писателка во англиската книжевност

Џејн Остин е најчитана писателка во англиската книжевност, родена на 16 декември 1775, a починала на 18 јули 1817. Била англиски романописец, чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата ѝ го овозможиле местото на најчитаната и најсаканата писателка во англиската книжевност.

Животопис

Остин целиот свој живот го мнинала како дел од мало и блиско семејство сместено во пониските класи на англиското ситно благородништво. Првенствено таа била образувана од страна на нејзиниот татко и постар брат, како и преку нејзиното самостално читање. Безрезервната поддршка од страна на нејзиното семејство била важна при развивањето на Остин како професионален писател. Уметничкото надоградување на Остин траело од адолесцентските години па сè до нејзината триесет и петта година. Во овој период, таа експериментирала со различни книжевни форми, вклучувајќи го и епистоларниот роман кој таа прво го пробала, но подоцна го напуштила и напишала и значително преработила три големи романи и почнала четврт.

Какви се нејзините дела?

Делата на Остин го критикуваат романот на чувствата од втората половина на 18 век и се дел од преминот кон реализмот на 19 век. Делата на Остин, иако главно комично, ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Како и оние на Семјуел Џонсон, едно од најсилните влијанија во нејзиното творештво, нејзините дела се однесуват на моралните прашања.

За време на животот на Остин, бидејќи таа одлучила да ги издава анонимно, нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и само неколку позитивни критики. Во средината на 19 век на нејзините романи им се восхитувале само членовите на книжевната елита. Издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869 година ја претставила на пошироката јавност како привлечна личност и го поттикнало јавниот интерес за нејзините дела.

Почетоците и подоцнежните години

До 1940-те години, Остин била нашироко прифатена во академијата како „голем англиски писател“. Втората половина на 20 век забележала распространување на научното интересирање за Остин, кое истражувало многу аспекти на нејзините романи: уметнички, идеолошки и историски.

Во популарната култура, се развивала култура на обожавателите на Џејн, фокусирана на животот на Остин, нејзините дела и различните филмски и телевизиски адаптации.

Се верува дека најрано во 1787 година, Остин почнала само за забава да пишува поеми, приказни и драми за себе си и за нејзиното семејство. Остин подоцна ги составила „верните копии“ на 29 од нејзините првични дела во 3 поврзани бележници, кои денеска се познати под името Младост, кое содржи дела кои оригинално биле напишани во периодот помеѓу 1787 и 1793 година. Постои ракопис како доказ дека Остин продолжила да работи на овие дела и подоцна во периодот од 1809 до 1811 година и дека нејзините внуци, Ана и Џејмс Едвард Остин, подоцна ги собрале во 1814 година.

Сатиричниот роман кој ги исмева популарните романи

Помеѓу овие дела има и сатиричен роман напишан во писма насловен „Љубов и пријателство“, во кој таа ги исмева популарните романи на чувствата и ракописот „Историја на Англија“, кој се состои од 34 страни придружени со 13 минијатури во акварел нацртани од страна на нејзината сестра Касандра.

Како што растела Остин, таа продолжила да живее во домот на нејзините родители, правејќи ги истите работи кои биле нормални за жените на нејзините години и општествен статус: вежбала на пијано, им помагала на нејзината сестра и мајка при надгледувањето на слугите и им помагала на женските роднини кога се пораѓале и на постарите кога биле на посмртна постела. Таа им носела кратки извадоци од нејзините дела на нејзините новородени внуки Фани Катерина и Џејн Ана Елизабет.

Во 1793 година, Остин започнала и престанала со пишување на кратки драми, кои подоцна биле насловени како „Господин Чарлс Грандисон или среќниот човек, комедија во 6 чина“, во кои таа им се вратила и ги комплетирала околу 1800 година. Ова било кратка пародија на различни скратени школски учебници од омилениот современ роман „Историјата на Господин Чарлс Грандисон“ (1753) напишана од страна на Семјуел Ричардсон.

Одлука да стане професионален писател

Хонан тврди дека во еден период не многу после пишувањето на „Љубов и пријателство“ во 1789 година, Остин одлучила да започне да пишува за пари, нејзините приказни да ѝ бидат главна издршка, т.е да стани професионален писател. Откако ја донела таа одлука, почнувајќи од 1793 година, Остин започнала да пишува подолги и пософистицирани дела.

Во периодот меѓу 1793 и 1795 година, Остин ја напишала Лејди Сузан, краток епистоларен роман, кој обично е опишуван како нејзино најамбициозно и најсофистицирано прво дело. Делото не е ни малку слично со било кое од другите нејзини дела. Клер Томалин, биограф на Остин, хероината на овој роман ја опишува како сексуален предатор која ги искористува нејзината интелегенција и шарм за да манипулира, предаде и искористи своите жртви, било да се работи за нејзините љубовници, пријатели или пак семејство.

Обид за нејзиниот прв роман

По завршувањето на „Лејди Сузан“, Остин се обидела да го напише својот прв долг роман, насловен „Еленор и Маријан“. Нејзината сестра Касандра, подоцна забележала дека тој бил читан пред семејството некаде пред 1796 година и дека бил прераскажан во вид на серија од писма. Оригиналниот ракопис не е пронајден, така што не се знае со сигурност колку од оригиналната верзија била застапена кога романот бил издаден во 1811 година, под насловот „Разум и чувства“.

Во 1796 година Остин почнала да работи на нејзиниот втор роман, „Прв впечаток“. Првата верзија на книгата ја завршила во август 1797 година, кога имала само 21 година (подоцна таа е преименувана во „Гордост и предрасуди“); што било случај и со сите нејзини романи. Остин на глас го читала својот роман пред нејзиното семејство, додека работела на истиот, кој подоцна станал најомилен.

Романи

Разум и чувства (1811)

Гордост и предрасуди (1813)

Пaркот Мансфилд (1814)

Ема(1815)

Нортангерската Опатија (1817) (посмртно)

Убедувања (1817) (посмртно)

Незавршени дела

Леди Сузан (1794, 1805)

Ватсонови (1804)

Сандитион (1817)

Други дела

Господин Чарлс Грандисон (1793, 1800)

План за роман (1815)

Поеми

Молитви

Писма

Трудови од младоста – Прв том

Фредерик и Елфрида

Џек и Алиса

Едгар и Ема

Хенри и Елиза

Авантурите на господин Харли

Сер Вилијам Монтагуе

Мемоарите на гос. Клифорд

Прекрасната Касандра

Амелија Вебстер

Посетата

Мистеријата

Трите сестри

Прекрасен опис

Великодушниот Ѓакон

Ода за милосрдноста

Трудови од младоста – Втор том

Љубов и пријателство

Замокот Лесли

Историјата на Англија

Колекција на писма

Женскиот филозоф

Првиот чин на комедијата

Писмо од младата Леди

Тура низ Велс

Приказна

Трудови од младоста – Трет том

Евелин

Кетрин или Женската соба

Прочитајте ги и следните факти од нејзиниот живот на следниов линк.

Напишете коментар