15 факти за животот на Џејн Остин, најпозната по романот „Гордост и предрасуди“

За Џејн Остин рекле дека е една од ретките во светската книжевност која се смета за “класика“ и “сѐ уште се чита“. Иако нејзините романи не се автобиографски, фактите од нејзиниот живот ја осветлуваат нејзината фантастика. Нејзиното дело претставува своевиден модел за сите оние што сакаат да се занимаваат со пишување.

Прочитајте дел од фактите за животот на Џејн Остин во продолжение.

1. Џејн Остин е родена како седмо дете на Џорџ и Касандра Остен, во Стивентон, село во јужна Англија во 1775 година.

2. Во текот на својот живот завршила шест романи, вклучувајќи ја „Опатијата Нортангер“, „Разум и чувства“, „Гордост и предрасуди“, „Паркот Менсфилд“ и „Ема“. Четири се објавени пред нејзината смрт.

3. Нејзиниот татко Џорџ бил свештеник, но водел и училиште за момчиња за да може да го дополни приходот на семејството.

4. Касандра Остин била од повисоко општествено ниво за разлика од сопругот и на Џејн ѝ пружила чувство на општествената класа која е во основатана нејзините романи. Меѓутоа, не се грижела за падот на општествената положба, била весела сопруга и мајка на семејството.

5. Во 1783 година, Џејн Остин и нејзината постара сестра Касандра заминале кај тетката Ен  Купер Каули да се школувааат. Таа била вдовица на починатиот шеф на Оксфордскиот колеџ. Оттаму отишле во интернат за девојчиња. Освен овие години, Остин била школувања од нејзиниот татко.

6. Остин била исклучително срамежливо девојче, а нејзиното семејство било центар на нејзиниот свет. Дури и во интернатот имала само неколку пријатели. Нив ги стекнала во друштво на сестра ѝ Касандра.

7. Остин своето знаење за живот на море (важно за во „Убедувања“) го стекнала од нејзиниот брат Френк. Тој имал успешна кариера во Британската морнарица и ѝ бил најблизок.

8. За нејзината прва љубов, Остин добила приказна вредна за еден од нејзините романи – која во сушитна има нешто заедничко со онаа на Мариана Дашвуд во „Разум и чувства“. Целта на нејзината љубов, Том Лефрој бил ирски внук од блиската пријателка Ен Лефрој. Знаејќи дека Том ќе го изгуби своето наследство ако се омажи за “никој“, Ен Лефрој го оддалечила Том од земјата кога ја забележала романсата.

9. Додека фановите на филмот „Клубот на читатели на Џејн Остин“ може да бидат поттикнати на размислување „Што би направила Џејн?“ во време на романтична криза, нејзината потрага за Том Лефрој, која ги кршела општествените извори од своето време, укажува дека таа можеби не била најдобар избор.

10. Друга значајна романса настанала додека семејството заминало на крајбрежјето во Сидмут во Девон во летото 1801 г. Остин го сретнала и очигледно се вљубила во младиот свештеник. Тој пак направил планови повторно да се сретне со семејството подоцна на своите патувања. Меѓутоа неочекувано починал пред да им се придружи. Инцидентот го зајакнал односот меѓу двете сестри бидејќи Касандра пред тоа го изгубила вереникот.

11. Џејн Остин го напишала нацртот за „Разум и чувства“ во почетокот на 1790-тите години. Потоа го ревидириала во голема мера пред да биде објавен во 1811 година.

12. Во 18803 година издавачот го откупил делото „Опатијата Нортангер“, но не го објавил веднаш, туку после смртта на Остин.

13. Финансиите ја принудиле Остин да го напушти Стивентон и да замине во Бат. Оваа промена  ја вознемирила во голема мера. Некои биографи тврдат дека ситуацијата влиајела врз нејзиното пишување, бидејќи таа немала приватно место каде ќе пишува. Но и била принудена во Бат повеќе да се социјализира, за разлика од претходно.

14. Вирџинија Вулф за неа напишала: „Еве жена која во 1800. година пишувала без омраза, огорченост, страв, проповедање. Така напишал и Шекспир и кога луѓето ги споредуваа Шекспир и Џејн Остин, значи дека умовите на двајцата ги искористиле сите препреки и поради тоа не ја познаваме Џејн Остин, а не го знаеме ни Шекспир. Поради таа причина Остин проникнува во секој збор што го напишала, исто како и Шекспир.

15. Околу 1816 година Остин страдала од екскреторна болест, која никогаш не била дијагностицирана. Денеска се верува дека била туберкуларна болест на бубрегот. Касандра била со нејзе кога починала во 1817 година во 41 година од животот. Погребана е во катедралата Винчестер.

Прочитајте ги и следниве занимливости за живтот на Ана Франк.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?