Културни настани Музика Уметност

250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен

Ниту еден композитор не оставил трага во музиката слично како Лудвиг ван Бетовен. Тој ги усовршил популарните музички форми во времето во кое живеел како симфонија, гудачки квартет, соната за пијано и опера.

Бетовен е олицетворение на нов иделен музичар кој претставува страствен и политички ангажиран романтичен херој.

Еден од најголемите композитори

Се смета за најголемиот композитор што некогаш живеел. Роден е на денешен ден пред 250 години во Бон , додека пак починал на 26 март 1827 во Виена.

Лудвиг ван Бетовен доминира во периодот на музичката историја како никој друг пред тоа или од тогаш. Неговата музика е вкоренета во класичните традиции на Жозеф Хајдн и Моцарт. Сепак, успева да го опфати новиот дух на хуманизмот и почетните знаци на национализам изразен во делата на Гете и Фридрих фон Шилер, неговите постари современици од светот на литературата. Во неговата музсика се присутни и строго редефинираните морални императиви на Кант и идеалите на Француската револуција, со голема страствена грижа за слободата и достоинството на поединецот се исто така присутни.

Неговиот музички опус вклучува: девет симфонии, пет концерти за пијано, еден концерт за виолина, 32 концерти за сонати, 16 гудачки квартети, неговата голема миса (Missa solemnis) и операта ”Фиделио”.

Се школувал во Виена

Бетовен бил внук на Лудвиг ван Бетовен (1712-1773), музичар од градот Мехелен во фламанскиот регион во денешна Белгија, кој на дваесет години се преселил во Бон.

Првиот музички учител на Бетовен бил неговиот татко.

Во 1787 патувал во Виена со цел да зема часови кај Моцарт, но поради презафатеност на Моцарт овие студии не се реализирале. Неговиот прв престоj во Виена траел само 15 дена бидејки морал да се врати назад поради смртта на својата мајка. И во Бон останал во следните пет години. Сепак во 1792 се вратил во Виена, каде останал до крајот на својот живот. Во Виена земал часови кај Хајдн, потоа кај Албрехтсбергер и на крајот кај Салиери од кого го научил италијанскиот вокален стил. Во Виена, престолнината на музиката во Европа во тоа време, Бетовен се истакнал како виртуоз на клавир од највисок калибар.

Проблеми со слухот

Бетовеновиот успех, пред сè, е засенет поради проблемите со слухот, кои започнале да го измачуваат веќе во 1797 година . Во 1802, откога медицинските третмани не донесувале никакво подобрување, тој се повлекол извесен период во Хајлигенштад на лекување. Откако и ова се покажало јалово, Бетовен, во пред самоубиствена депресија, пишувал очајничко и жестоко писмо кон своите двајца браќа. Првпат отворено откривајќи ја својата болест и објаснувајќи ја причината поради криењето на истата.

Уметноста го спасува од самоубиство

Наведува и дека својата иднина ја гледа како „прогоненик; во општеството можам да влезам единствено поради најосновните потреби“. Само неговата уметност го има спречено да си го одземе животот „ми се чинеше невозможно да го напуштам светот пред да го извлечам сето она коешто го чувствувам во себе“.

Сите приказни за Бетовеновата мизантропија, неговата ексцентричност и лудило, датираат од времето на опаѓањето на моќта на слухот, која многу често му причинувала и огромна физичка болка. Станува напорен како личност, фрустрациите и лутината поради својата состојба го направиле премногу остар, а трпението на неговите блиски роднини и пријатели – редовно е ставано на тест. Карл, неговиот внук и штитеник, станал толку потиштен од цврстината на вујко си (кој му забранувал да се гледа со неговата мајка), што посегнал по својот живот како би се ослободил од него.

И покрај сето тоа, моќта на шармот на композиторовиот карактер е толку голема што тој остварил бројни блиски врски со жени, иако повеќето од нив мажени благороднички, па според тоа и недостижни. Идентитетот на Бетовеновата најголема љубов, „Бесмртна возљубена“, останува мистерија до ден денешен. Најверојатна претпоставка е дека тоа била Антонија Брентано., чиешто најмладо дете многу веројатно го има зачнато тој или на Жозефина Брунсвик.

Творештво
Црковна музика

Бетовеновата карактеристично лична верба во христијанството, верба која ги негира конвенционалните обичаи јавните изложувања, била раздразливо тестирана низ годините на оглувувањето, но двете Миси произлегле токму во овој период.

Симфонии

Со Деветте симфонии, Бетовен го револуционаризирал оркестарот и ги испревртил сите поранешни приоди кон симфониската форма.

Варијации

Пред крајот на животот, Бетовен ја засакал музичката форма варијации и од неа направил (за првпат во историјата на музиката) една од најзначајните музички форми и со неа ги изразил своите најубави медитации. Во варијациите, Бетовен открил друг простор и друга насока така што неговите варијации се „повик да се тргне по нов пат“, односно со нив како Бетовен да се спушта во средиштето на Земјата.

Попознати дела

Ода на радоста
За Елиза
Месечева соната

Ода на радоста

Ода на радоста (гер. An die Freude) е ода напишана во 1785 од германскиот поет, драматург и историчар Фридрих Шилер. Песната го величи идеалот на братство и единство на целото човештво. Делото е најпознато по неговата музичка варијанта, искомпонирана од Лудвиг ван Бетовен како краен став на неговата Деветта симфонија (завршена во 1824), која претставува хорска симфонија за четири соло гласови, хор и оркестар.

Уживајте:

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје