Ќе молчам за сите воздишки
Оставени на нашите улици
Ќе молчам за сите погледи
Од длабочините на душата извадени
Ќе молчам за бакнежите
Што никогаш не ги добив
Ќе молчам за допирите
Кои болат од самата помисла на нив
Ќе молчам за сè што не бевме
А можевме да бидеме
Ќе молчам
Како за странци низ олуја сокриени
Ќе молчам за сите денови
Напразно поминати
Ќе молчам за молкот
Кога те изгубив
Зашто само молкот остана
Преплетен низ тишината
Испратен до осаменоста
Изгубен во неоствареното
Заборавен во заборавеното.
Ирена Блажеска