Романтизмот претставува книжевен и уметнички правец кој протекол во Европа крајот на 18. век. Како движење се развил за време на францсуката буржоаска револуција како реакција на строгите правила на класицизмот, уметнички правец кој му претходел.
За разлика од класицизмот кој во прв план ги истакнувал разумот и интелектот, романтизмот предност им дава на емоциите и фантазијата, наследувајќи од револуцијата страстност и принцип на активност. Овие се одлики кои во условите на политичка реакција и социјална неправда се канализираат во правец на бунтовниот индивидуализам.
Фантазијата кај романтичарите станала активен инструмент на индивидуална афирмација или индивидуален бунт против материјалистички поредок. Верувала во осознавање на моќта на фантазијата т.е. дека со неа можат да се разберат реалните, големите вистини на човечкиот живот кој општествениот поредок го изопачил и маскирал.
Што доаѓа со романтизмот?
Со него доаѓа обнова на лирската песна, до нејзино модерно конституирање. Лирската песна станува чувствителна и мечтателска, искажана со непосреден и сликовит јазик за разлика од тоа каков бил јазикот на класицизмот.
Поезијата се служи со пократок и подинамичен стих. Субјектот станува важна внатрешна структура на песната. Поетот се насладува со енергијата на изразот, новата интонација, лексичко збогатување на својата поезија која доаѓа до големи реторски гестови и вербално привидување, бизарност и егзоитзам.
Според што го говереле и според филозофите кои го следеле поетскиот романтизам и се интересирале за митското и потсвесното, тежнееле до најдлабоки сознанија за светот до кој со поезија би можело да се дојде. До онаа точка каде би се изедначиле духот и природата, субјектот и светот кој го опкружува.
Тие бие своевидни гласници на слободата, визионери и поети на имагинацијата кои не бегале ескапистички од реалноста туку ја претставувале во најширока смисла, остро свесни за својата околина, поредокот и револуционаерните промени на времето во кое живееле и создавале.
Романтизмот бил движење на слободата во уметноста
Поетот станувал сопствен судија, неговата литература била лична, индивидуална. Поезијата слободно ја бира формата, нема повеќе канонизирана поетика, ни задолжителна класична реторика.
До израз доаѓаат нови чувства: за природата, религиозноста и за политичките, социјалните и моралните проблеми. Се напушта долгиот стих работен според латински и грчки примери. Се исфрла и внимателниот, учтив, безличен јазик кај повеќето поетски дела од 18. век, сè она што би можело да изгледа досадно.
Романтичниот поет сакал да биде интересен и привлечен. Тој ги напушта поучните теми и прибегнува кон сатирчни спевови или пократки поетски раскази.
Кратката лирска песна, интимна и певлила, навистина се препородила во времето на романтизмот. Во прв план се истакнува сопственото јас, во сопствената меланхолија, светската болка и восхитувањата, во своето верување во уметноста и нејзината сила, како и во својата скепса кон животот.
Што донесол романтизмот?
Тој со себе донесеол низа противречни стремежи и идеи, но сите тие биле проникнати со духот на слободата. Во потрага по вистинска, романтична љубов полна со занес, меланхолија и трагика, поетите лутајќи оделе во далечни земји за да донесат духовни добра, да го прошират светот и да ги обелоденат светлите бои на заборавената убавина во своето посивено гратче, потонато во празното самозадоволство на материјалното.
Романитзмот бил последна епоха во европската културна историја во која зборот Љубов се пишувал со голема буква. Она што во времето на ренесансата билo платонска љубов, во новата европска историја билo романтична.
Романтичарот своите ирационални импулси ги претворал во нешто што може да се даде некому. Toj светот сакал да го направи потопол, похуман и повредно место за живот.
Поопширно разгледувано, романтизмот бил и останал вечна потреба и појава која циклично ќе се повторува и обновува. Заедно со романтизмот поезијата последен пат имала сеопшто општествено значење, станувајќи и останувајќи многу повеќе од едноставен уметнички израз на мечтателот.
Прочитајте и за романтизмот во делата на Едгар Алан По и неговиот поетски метод.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.