Франсоа де Ларошфуко – еден од најголемите француски моралисти, познат по своите максими

Франсоа де Ларошфуко (француски: François VI, duc de La Rochefoucauld, le Prince de Marcillac, роден на 15 септември 1613 во Париз – починал на 17 март 1680 во Париз) — француски автор на максими и мемоари, еден од најголемите мајстори во областа на уметничката проза.

Животопис

Франсоа де Ла Рошофуко е роден на 15 септември 1613 година,  во 1-виот арондисман во Париз. Тој се приклучил на армијата уште како млад и речиси одма се етаблирал како јавна личност.

Се бори против Луј XIV

Учествува во граѓанската војна во Франција и застанува против апсолутизмот на Луј XIV.

Неколку години потоа, тој се повлекол во селскиот имот Вертеј.  Се вратил на кралскиот двор непосредно пред смртта на Мазарин, кога Луј XIV требало да ја преземе апсолутната власт, а граѓанската војна беше завршена. Тогаш ги напишал своите мемоари, како и многу од неговите истакнати современици.

Неговата важност како јавна и историска личност е засенета од неговата важна улога во француската литература.

Книжевно дело

Неговото книжевно дело се состои од три дела – неговите мемоари, максимите и неговите писма.

Мемоарите имаат особена важност и книжевна заслуга. Во 1817 година за првпат се објавени, но во скратено издание.

Неговите елегантни Максими (максими)  претпреле чести измени и дополнувања за време на неговиот живот и неколку биле додадени после неговата смрт. Вообичаено денес неговото дело „Максими“ се објавува во вкупен број од 504 максими. 

Повеќето максими се состојат од само два или три реда. Ларошфуко размислува за однесувањето и мотивите на човекот, од човечка гледна точка. Тој сака да биде искрен и не ги затксрива своите вистински размислување и погледи. Всушност, во својот вовед, тој советува:

… најдобриот пристап што треба да го земе читателот уште на самиот почеток е дека ниту една од овие максими не се однесува лично на него, или дека тој е  исклучок, иако на изглед се чини дека се однесуваат на секој. После тоа, гарантирам дека тој ќе биде првиот кој ќе ги одобри и ќе верува дека тие му оддаваат чест на човечкиот дух.

Максими

Максима е кратко искажана мудра мисла како принцип што се следи во животот. Прочитајте неколку негови максими во продолжение:

Самољубието е најголемо од сите ласкавци.“

„Искрениот ентузијазам е единствениот говорник кој секогаш убедува. Тоа е како уметност чии правила никогаш не пропаѓаат; најпростиот човек која има ентузијазам убедува подобро отколку најелоквентниот без ентузијам.“

Луѓето не само што не ги паметат  љубезностите и навредите што им ги направиле, тие дури ги мразат оние на кои им се должни и престануваат да ги мразат оние што им наштетиле. Напорот за отплата на љубезноста и одмаздата за злото  што им било направено им се чини како должност на која не се подготвени да и се потчинат.“

  Ако бевме родени без недостатоци, немаше да уживаме толку многу во забележувањето на надостатоците кај  другите.“

„Во основата на женската природа е флертувањето, но не сите жени го применуваат тоа во пракса затоа што некои се воздржани од страв, други пак од здрав разум.“

Највистинскиот знак дека сте родени како човек со големи квалитети е дека сте родени без завист.“

Се додека љубиме, можеме и да простиме.

„Луѓето никогаш не би се вљубиле ако не слушнале што се сé зборува за љубовта.“

„Страста честопати ги прави будали и најмудрите луѓе и им дава најглупа мудрост.“

Ниту еден човек не е доволно паметен да го спознае целото зло што го прави.

„Никогаш не сме толку среќни или толку несреќни колку што  мислиме дека сме.“

„Оној што живее без да прави лудости не е толку мудар колку што си мисли.“
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?