Машините за пишување честопати можеме да ги видиме на некоја винтиџ фотографија направена во денешно време. Многумина се сеќаваат дека и самите пишувале на вакви машини пред појавата на компјутерите. Историјата за машините за пишување е релативно кратка, но таа е исклучително богата и занимлива.
Муизчки инструмент како прототип за создавање машина за пишување
Првите записи за идеите за проектирање на ваквата направа потекнуваат од 1741 година и се направени од англичанецот Хенри Мил. Подоцнежните записи говорат дека темата била „цимбал за пишување“, а најпознатиот модел го конструирал Французинот Пјер Кармиен. Замислата била многу едноставна: како што музиката се создава од цимбалот, преку удирање на малите чеканчиња по жиците, исто толку малечи чекани, но со печатарски букви и наредени во полукруг да произведуваат отпечатоци од букви.
Италијанскиот адвокат Џузепе Равица од Новара патентирал „цимбал за пишување“ во 1855 г. Ова впрочем била првата машина за пишување која некогаш е создадена. Дури во 1873 г. се создадала вистинската, индустриски произведена американска „ремингтон“ машина. Таа предизвикала револуција во пишувањето текстови. Напишаниот текст на ваквата машина за пишување не бил видлив, а можел да се прочита дури откако ќе се кренел валјакот.
Конструктот В. Вагнер во 1896 г. ја изнел на пазарот машината за пишување „андервуд“, таа била со видлив текст.
Првата ииндустриски произведена машина за пишување во Италија се појавила во 1908 г. благодарение на индустријалецот Камило Оливети.
Шолс и Гиден американски пронаоѓачи уште во 1890 г. рекле дека се радосни поради тоа што „жените сега ќе можат да работат помалку тешки работи за да заработат за живот, поради што ќе можат да градат сопствена кариера и полесно да влезат во длеовниот свет“.
Првиот курс по дактилографија
Во САД во 1881 г. е организиран првиот курс по дактилографија. На него имало осум учесници. Само пет години после тоа, од различните курсеви низ Америка имало околу 60 илјади обучени дактилографки.
За оваа професија неколку десетици години била поврзувана рекламата во која млада, убава и дотерана девојка седи наведната над машината за пишување и отчукува, додека средовечен, просед и елегантен маж стои и диктира.
Производителите на машините за пишување, покрај нивниот натпреварувачки дух во поглед на конструкцијата и естетиката, направиле сè што можат за овие машини да бидат подвижни, лесно преносливи. И истите лесно да се спакуваат во куферче и да се однесат на кое било место надвор од канцеларијата. Така машината за пишување „летера 22“ на производителот Оливети станала икона на активното новинарство и ја најавила појавата на репортерите од лице место.
Бојата на машините за пишување
Традиционално црната боја која била резервирана за таков сериозен инструмент, но со текот на времето била заменета со други бои. Сега машините за пишување веќе почнале да се појавуваат и во весели бои, а добивале и разни облици: преносливи машини за пишување, џебни, со стенографски типки, за запишување музика. Токму сите овие механички направи го затворија патот на пишувањето на машина и им ја отворија вратата на компјутерите.
Златен период на машините за пишување
1950-те години претставуваат Златен период на машините за пишување, тогаш се произведени најмногу. Еден од најпознатите производители на овие машини, Smith-Corona, во последното тромесечие на 1953 г. произвел 12 милиони машини.
Околу 1975 г. оваа механичка направа се претворила во електронска. На старата машина за пишување денес единствено наликува само тастатурата која е составен дел од секој компјутер. Денеска старите машини за пишување се многу ретки и скапи, а вистинските колекционери се неуморни кога се работи за некој редок примерок.
Оние што имале среќа да наследат некоја ваква машина треба да се горди на еден таков антиквитет што го поседуваат.
Компанијата Godrej and Boyce во април 2011 г. ја затворила својата фабрика за машини за пишување во индискиот град Мумбаи, а причина за тоа бил сè помалиот број нарачки. Таа била последната фабрика за вакви машини во светот. Со ова затворање можеби засекогаш во историјата замина некогашната есенцијална канцелариска алатка. Таа пред појавата на компјутерите беше основна канцелариска опрема.
Во 2009 г. биле продадени дури 400.000 машини за пишување, и покрај револуционерниот раст на компјутерската технологија. Но сепак овој изум најверојатно е заминат во историјата и повеќе нема да се произведува.
Прочитајте и дознајте како настанале новогодишните честитки.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.