Драга моја, да Ти што го читаш ова,
сакам да ти кажам дека луѓето не се како тебе.
Ќе те осудуваат, ќе те критикуваат
како да ти си виновна за сè.
Не си ставај вина на својата душа,
не ѝ отежнувај.
Доволно беше уморна и ранета.
Никој не може да биде како тебе.
Никој не може да ти помогне како самата Ти.
Никој не може да го заземе твоето место.
Само посебните го имаат кралското место.
Никој нема да ти подаде рака како што ти подаваше.
Никој нема да ти подаде срце за да те стопли.
Никој нема да те поддржи кога успеваш и напредуваш
со својот труд.
Драга моја, никој не те познава доволно добро,
никој не го знае твоето срце колку е исполнето само
со добрина и љубов.
Драга моја, пази да не се изгориш, не вреди да се оцрниш
за некој што не те почитува.
Ти сама на себе биди си сè, биди си своја најголема поддршка
и кога ја немаш од никој.
Тогаш самата ќе сфатиш колку вредела сета болка,
да се увериш кој бил до тебе..
И колку подалеку толку подобро за себе, ќе научиш да
бидеш поуспешна личност, да напредуваш.
И без никој можеш да успееш.
Не си ја мачи душата за плитки луѓе.
ти можеш, можеш и сама.
Ако не го правиш најдоброто за себе, за другите воопшто не се труди.
Секогаш ќе има незадоволни луѓе, што никогаш не знаат за доста.
Ема Атанасовска