Легендата за каменот Бларни

Легендата за каменот Бларни или анг. Blarney Stone, е една мошне интересна Ирска легенда која чија магија и ветување за дарба опстојува до ден денес. Да се бакнува каменот Бларни од истоимениот Ирски замок е неколку вековна традиција која е позната ширум светот. Замокот изграден во 1446 година е постојан дом на каменот за кој се верува, ако се бакне однаопаку ќе го подари талентот за ораторство, шармантно говорење и моќ за убедување на оној кој го бакнал. Анг. The gift of the gab.

Постојат неколку верувања за тоа како каменот стигнал токму во овој замок и како ја добил оваа репутација.
Една легенда вели дека каменот го донеле Крстосниците. Друга пак дека каменот е направен од истиот материјал со кој е направен Стоунхенџ.

Зборот Бларни, анг. Blarney, значи умешно ласкање или па, шармантно говорење глупости.
Во една од најраните записки се зборува за тоа како кралицата Елизабета I  (која владеела со Англија и Ирска од 1558 до 1603) го испратила војводата од Лајхестер за да го присвои замокот, но итриот и зборлив МеКарти (потомец на оригиналниот сопственик на замокот) секој пат успевал да го разубеди. Кога војводата се вратил и ѝ кажал на кралицата, таа само тивко го промрморела зборот бларни (blarney) мислејќи на тоа дека ветувањата се убави, шармантни, но празни.

Денеска, илјадници луѓе околу светот патуваат до Бларни, Ирска само за да го бакнат каменот, наведнувајќи се наназад и држејќи се за металните шипки. Помеѓу оние кои го бакнале каменот е и Винстон Черчил чија репутација за одличен оратор е надалеку позната.

Хмм…Па можеби каменот и навистина функционира.
Што мислите вие?

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?