Далечини од недостижност – Благица Ангеловска

Под припекот на сонцето од златни кори

на три чекори од сенките дабови,

тебе, несреќо несреќна, ми те изгубив,

ти невиделина невидлива се престори,

во неповрат чекорот ми те однесе

и недогледни далечини од недостижност

по повеј од топол ветрец ти ми испрати,

од сечилото на копнежот рана распната ми крвари,

капките таги ми ги мијат болежливите утрини,

со неспокои ги прегрнувам ѕвездените квечерини,

без тебе, таго таговна, несудена судбино,

пепел од изгори постелата ми ја осиви

и в градиве што сѐ уште твојот здив го дишат.

Благица Ангеловска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?