Skip to content

Не дозволувајте му на гневот да управува со вашите дејства

Во ова време е лесно да се чувствуваме гневно. Низ светот се случуваат многу нешта, од пандемија до протести и економски потешкотии. Тука се секако и личните искуства. Дури и кротките луѓе може да се соочат со гневни емоции, како никогаш досега. Можеби тоа е и нормално. Но мора да внимавате да не му дозволите на гневот да управува со вашите дејства.

Не препуштајте му се на гневот

Она за кое можеби не сте свесни е дека кога гневот доаѓа, тоа може да укажува на подлабоки проблеми. На пример, можеби носите нешто во себе што на сиот глас вика за да биде чуено или признаено.

Можеби, му се препуштате на гневот како по навика, наместо да се соочите со други тешки емоции. На пример, болката, тагата или осаменоста.

Навистина, полесно е да му се дозволи на гневот да завладее со вас, отколку да седнете мирно. И притоа, да си признаете дека имате длабоки проблеми, дека некој ве напуштил или отфрлил, што резултирало со болка. Или, можеби, чувствувате голема тага и наместо да ја побарате причината за тоа, му се препуштате на гневот.

Кога му дозволувате на гневот да врие во вас, тоа е штетно за вашата емоционална и ментална благосостојба. Уште полошо е кога му дозволувате на гневот да управува со вашите дејства. На тој начин не само што се повредувате себеси, туку и оние околу вас.

Се кажуваат зборови што треба да бидат премолчани. Се прават работи не треба.

Откријте ги вистинските причини за гневот

Ако ова не ве остава рамнодушни, можеби ќе посакате да ја побарате причината за вашиот гнев. Најпрво, дајте си малку време за да сфатите што чувствувате. Потоа може да се прашате што е тоа што ве прави гневни. Откако ќе го пронајдете, можеби ќе посакате да се задлабочите и да разјасните нешто. На пример, дали навистина чувствувате гнев или дали проблемот прави да чувствувате нешто друго. Во тој случај, препуштањето на гневот ви станува навика. Или изговор за несоочувањето со проблемите.

Започнете дневник во кој ќе се осврнувате на моментите кога чувствувате гнев, и запишувајте ги своите мисли. Дури и ако „што“ и „зошто“ не се секогаш прецизни и точни, може да го откриете шаблонот. Така, на крајот ќе допрете до своите вистински емоции.

Правејќи го ова, му оневозможувате на гневот да биде движечка сила зад вашите дејства. Исто така, на крајот може да ги решите проблемите за кои можеби не сте ни биле свесни. И најдобро од сѐ, станувате господар на своите чувства и дејства. Така повеќе не обвинувате секого или сешто за тоа што се случува.

Извор

Превел од англиски: Симеон Јанков

Напишете коментар