Непознатиот идендтитет на Годо, кој Владимир и Естрагон упорно го чекаат, темите на несигурно и неодредено чекање, недореченоста во смисла дека самиот писател не дава клуч за негово толкување, отворениот крај допринесуваат „Чекајќи го Годо“ да стане едно од најтолкуваните дела на 20-тиот век. Ова дело е задолжителна лектира.
Извесната еластичност на содржината овозможува разни интерпретации на делото. Книжевните критичари во минатиот век толкувањето на ова дело го доживувале како предизвик за нивната остроумност.
„Чекајќи го Годо“ е напишана во 1948 година. Драмата е објавена во 1952 година. Прв пат е изведена на 5 јануари во 1953 година во театарот Вавилон, кој бил отворен за авангардните тенденции.
Ова дело е првенче на Семјуел Бекет и со истото тој доживува светска слава. Во рок од пет години од француската премиера, делото е преведено на повеќе од 20 јазици и прикажано пред повеќе од милион гледачи.
Структура, тема и ликови во трагикомедијата „Чекајќи го Годо“
Дејството се одвива во два чина. Еден би бил премалку, а три премногу, ќе рече Бекет. Дејството е на исто место, на отворено поле низ кое минува пат. Покрај патот се наоѓа едно дрво.
Протагонистите на драмата, главните ликови, скитниците ВладимиДр (иди) и Естрагон (Гого), тепаат време со неповрзан разговор, шеги и јазични игри додека чекаат извесен Годо.
Во двата чина, на кратко им се придржуваат Поцо и Лаки. Нивниот однос е однос на слуга и господар. Нивниот однос се менува во вториот чин. Поцо станува слеп, а Лаки нем. Со ова се смета дека постои разлика меѓу различните облици на време во овој драмски пар. Додека времето за Владимир и Естрагон стои и тие се наоѓаат во вечна сегашност, времето за Поцо и Лаки е праволиниско и подложно на промени.
Петто драмско лице е момчето, гласник на Годо. При крајот на првиот, како и при крајот на вториот чин тој соопштува дека Годо нема да дојде.
Заплетот на претставата е статичен. Не е напишан во форма на приказна, туку ситуацијата се истражува. Вообичаено се толкува дека Владимир и Естрагон, голи, напатени и на работ на очај ја претставуваат целата човечка раса.
Во оваа трагична фарса нема психолошка мотивација. Од делови од разговорот меѓу Владимир и Естрагон може да дознаеме нешто за нивното минато, но тоа се само делови од сеќавањата. Сè што знаеме è тоа дека тие го чекаат Годо, надевајќи се дека неговото доаѓање ќе им ја подобри ситуацијата.
Општиот тон на драмата е несигурноста, неизвесноста. Фактот на чекањето на Годо прикажан е како суштински апсурд. Постои јаз меѓу замислата и движењата низ целата драма, а така се завршуваат двата чина.
Владимир: Па? Ќе одиме ли?
Есрагон: Да, ајде.
Не се мрдаат од место.
Иако дијалозите во драмата изгледаат недовршено, тие се вртат околу одредени теми како: идентитет на видот, осаменост, самоубиство,човечката волја, знаење, уметност, пад на цивилизацијата и др.
Бројни научни алузии и цитати од други дела (пред сè, Библијата) придонесуваат за алузивноста на делото. Неговото толкување е тешко и речиси невозможно.
Прочитајте зошто Тартиф е одраз на лицимерието.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.