Дед Мороз е симбол на празничната сезона во Русија. Заради неговата сребрена брада и светкави очи ќе ви простиме ако си помисливте дека Дед Мороз е друго име за Дедо Мраз. Вистината, како за сите магични нешта, è многу покомплицирана од тоа.
Почетоци на легендата
Меѓу Дедо Мраз и Дед Мороз има големи разлики уште во нивното потекло. Сите ја знаеме приказната дека добриот Свети Никола бил заштитник на децата. Самиот Дедо Мраз води потекло од Свети Никола. Малкумина знаат дека Дед Мороз всушност бил прогласен за демон од црквата. Способен да замрзне цели војски со само еден допир со мраз ладните прсти, Мороско – како што го нарекувале старите Словени, се сметал за мудар волшебник со злобни намери. До денес, професионалните актери и родителите кои се облекуваат како Дед Мороз ги држат долго време рацете в снег за да докажат дека тие се ледени како во легендата.
Кон крајот на 19 век, Дед Мороз започнал да ги поправа своите постапки и станал добредојден на божиќните прослави на угледни семејства. Бил претставен како носител на подароци и добра волја. Легендата растела, па од еден погрден мудрец се преобразил во убаво облечен и благодорен човек. На себе носел кралски сини крзнени палта, извезени со сребро и убав пар челви со остица. Добил санка, која била влечена од три снежно бели коњи.
Тешки времиња за Дед Мороз
Дури и Дед Мороз не можел да им угоди на сите. Како што црквата го прифаќала, така комунистите го категоризирале како нелегална религиозна икона и симбол на аристократската екстраваганција. Како Дед Мороз го преживеал прогонот за време на советската ера? Иако Дед Мороз немал армија џуџиња на Северниот Пол, како Дедо Мраз, тој имал нешто многу повредно – семејство.
Неговата сопруга Пролет е скриена од очите на јавноста. Неговата внука Снегурочка го следи Дед Мороз каде и да оди и è негов верен придружник. За среќа на децата, дваесет години по почетокот на болшевичката револуција, Дед Мороз се вратил во живот од непознати причини. Дед Мороз волшебно се вратил на новогодишната сцена. Советите го прифатиле како централен дел од нивните зимски свечености, само овојпат за Нова Година. Божиќ бил забранет.
Снежната девојка – Снегурочка
Со розеви образи и долга, руса плетенка, Снегурочка е еднакво голем симбол како Дед Мороз. Таа е клучен дел од легендата бидејќи ги прегрнува сите подароци. Потеклото на оваа девојка исто така е спорно. Некои тврдат дека постои од памтивек во старословенскиот фолклор. Други сметаат дека таа воопшто не е древна, туку дека прв пат била спомената во опера во 19 век. Како и да е, таа се заплеткала во руската фантазија и сега е тука за да остане. Била во фокусот на десетици советски цртани филмови и книги со приказни.
Палатата на Дед Мороз
Соодветно на денешниот националистички став на Мајка Русија, Дед Мороз и неговата внука се големи патриоти. Обајцата се Руси. За разлика од Дедо Мраз, чиј дом е обвиткан во тајност, живеалиштето на Дед Мороз може да се најде на мапата. Тој живее во близина на Великиј Устјуг, во областа Вологда, на неколку часа северно од Москва. Илјадници посетители доаѓаат да го посетат неговиот дом во текот на целата година. Домот на Дед Мороз е толку реален, што дури и најголемите скептици ќе поверуваат во легендата.
Околу просторот на неговата куќа се наоѓа волшебна шума. Шумата изобилува со разни животни, како руски ирваси и страчки. Во шумата може да видите куќи на кокошкини нозе. Може и да се возите во печка. Да, печка, која наликува на санка со заграни седишта, само возењето е многу полудо.
Има големо сандаче за пошта. Илијадници писма стигаат од децата од цела Русија и од поранешните советски држави. Снаодливите деца треба да испратат две писма, едно до Дед Мороз, едно до Дедо Мраз, па да видат која желба ќе им се исполни. Единствено нешто што недостига е Снегурочка. За чудо, таа живее во друго село.
Селото на Снегурочка
Близу до Москва се наоѓа необичниот град Кострома, каде што наводно за првпат е замислена славната снежна девојка од Александар Островски, еден од најуспешните руски драматурзи. Имотот на големиот писател сега е музеј. Близу неговата вила се наоѓа скромната, реставрирана дрвена куќа на Снегурочка.
Таму, децата можат да учествуваат во секакви традиционални руски занаети со вечно младата Снегурочка. Тие можат да ја посетат ледената пештера исполнета со извонредни скулптури од мраз што можат да го стопат срцето од секој. Куќата на Снегурочка е отворена цела година, иако најпосетена е за време на новогодишните прослави. Не може да има подобар новогодишен домаќин од прекрасната снежна девојка!
Прочитајте како Свети Никола станал Дедо Мраз.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.